Тигарчиња, стари 10 дена, спасени и ранети со цуцла по смртта на мајка им
Само часови ги делеле од смртта, но сега тие добро напредуваат во резерватот за тигри, каде на 2 часа ги ранат со цуцла.
Во некои делови од светот се водат вистински битки за да се спаси популацијата на тигри.
За еден таков случај во Индија се говори и во документарниот филм „Counting Tigers - A Survival Special“.
Јогендра Синг посвоил две млади напуштени тигри младенчиња, чија мајка се смета дека е убиена поради нелегалниот пазар за крзно.
Младенчињата Бандхав и Бандави биле стари само 10 дена кога биле најдени напуштени. Само часови ги делеле од смртта доколку не биле одведени во резерватот Bandhavgarh Tiger Reserve.
Младенчињата се во опасност сè додека не се 180 дена стари, па затоа Јогендра го прифатил предизвикот предано да се грижи за нив и на секои неколку часа да ги храни со шишенце, како да се негови деца.
Малите се ранливи и тој внимателно им пристапува, се грижи за нив и си игра.
Како изгледаат младенчињата, кои напредувааат од ден на ден:
С. С. | Црнобело