Животни спасени од зоолошка од пеколот во Албанија - лавот во агонија со инфицирано око (фото)
Мали депресивни кафези, неправилна исхрана, недостиг од нега од ветеринар... Овие животни живееле во хорор услови.
Албанските власти ја затворија зоолошката од пеколот „Safari Park Zoo“ во градот Фиер, откако анонимен фотограф објави низа фотографии од ужасните услови во кои живеле животните таму.
Лавот изгледа како да е во агонија и има инфицирано око, другите животни како волците и елените изгледаат истоштено и депресивно.
Фотографот вели дека хигиената била на ужасно ниво во оваа зоолошка градина, животните едвај преживувале во мизерните кафези и дека се соочуваат со низа психолошки проблеми поради несоодветниот третман, како што се и немање грижа од ветеринар и неправилна исхрана.
Камерата во овој случај се покажа како одлично оружје во поглед на прекинување на ужасниот третман кон животните. Станува збор за приватна зоолошка во Фиер во која имало три лавови, зебра, неколку елени, мајмуни, мечка и волк.
Сега, овие животни конечно ќе имаат шанса за посреќен живот.
Дел од фотографиите од зоолошката од пеколот:
С. С. | Црнобело