Мајчиниот допир лекува дури и во животинското царство

Една фотографија - 1000 зборови. Или во случајов посоодветно би било - 1000 емоции.

Majciniot-dopir-lekuva-duri-i-vo-zivotinskoto-carstvo-01.jpg

31-годишниот фотограф Авинаш Лодхи се нашол во вистинското време на вистинското место и успеал засекогаш да ги овековечи емоциите на мајката мајмунка која го држи во прегратка безживотното тело на мајмунчето кое се онесвестило.

Фотографот кој го „уловил“ неверојатниот настан со објективот во Јабалфур, Индија вели дека фотката му е многу блиска до срце, бидејќи во текое на целата негова кариера не видел ништо слично.

Сé се случило толку брзо, онесвестувањето на мајмунчето, очајот и болката на неговата мајка додека го држела во прегратка, а некоја минутка подоцна тоа ги отворило очите.

„Ваквиот момент е реткост, особено во светот на животните. Молчев еден час откако ја направив фотографијата“, изјавил Авинаш трогнат од емоциите и љубовта на една мајка.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg