Слон кој со години бил затворен во темна соба, сега не може да престане да се смее
Името на овој слон е Сурај, што значи сонце на Хинди, а сепак со децении не знаел како изгледа светлината затоа што бил затворен во темна соба.
45-годишниот тажен слон бил чуван во темна соба во Индија, врзан со ланци, оставен во самотија.
Повеќето од времето не можел ниту да мрдне, а бидејќи бил запоставен имал болни нокти, инфекции во очите и неколку повреди на врвот од неговата опашка.
За тоа како и зошто останал без едно уво, никој нема објаснување.
Кога здружението за грижа на диви животни дознало за случајот и местото на Сурај, тој конечно открил што значи сонце.
Во центарот за грижа бил дочекан со многу храна, љубов и нега, по што не може да престане да се смее.
М. Д. | Црнобело