Зошто мачките ги обожаваат картонските кутии?
Речиси да нема човек кој не се запрашал зошто секоја мачка на светов толку многу ги сака кутиите, зошто обожава да се пика во нив, дури и кога не ја собираат и најмногу од сè да спие во нив.
Многу сопственици ќе ви потврдат дека нивните мачки обожаваат да влегуваат во картонски кутии.
Во мали кутии...
Па и премали кутии...
Секако, првото објаснување кое паѓа на памет е дека мачките се по природа крволочни суштества на кои инстинктот им налага да бараат скривалиште од каде лесно ќе можат да го нападнат својот плен.
Но, најновите истражувањата откриваат дека постојат неколку причини за ова однесување:
Затворениот простор им дава чувство на сигурност
Ветеринарот Клаудија Винке од Универзитетот „Utrecht“ вели дека секое ново животно кое ќе дојде во нејзината ветеринарна болница, добива кутија која им служи како место каде можат да се чувствуваат сигурно и безбедно.
Комфорна зона за бегање од проблемите
Научниците кои ја напишале книгата „The Domestic Cat The Biology of its Behaviour“, велат дека мачките не можат да најдат соодветна стратегија за решавање на конфликтните ситуации, па преферираат да избегаат од нив. Картонските кутии се решение за таквите ситуации.
За топлина
Според податоците собрани од NRC, мачките се чувствуваат најудобно на температура од 30 до 36 степен токму затоа, сакаат сончеви места, радијатори... и удобни кутии.
Н. Г. | Црнобело