Сите гледаат различно: Каква боја е штиклата?

Дали сè уште се прашувате која е бојата на фустанот? Бело-златна или сино-црна? Оставете го тоа прашање на страна, сега имаме ново и подеднакво збунувачко.

sosema-nova-raspravia-po-fustanot-koj-lak-odgovara-so-shtiklata-001.jpg

Најнапред беше расправијата околу фустанот и неговата боја. И сè уште не постои јасен и точен одговор околу тоа која е вистинската комбинација на бои, но сега вирална стана сосема нова расправија.

Кој лак за нокти е иста боја со штиклата? Или во јазикот на Твитер дебатата е околу #theshoe.

Корисник на Твитер @totallymendes објави фотографија од две различни нијанси на лак за нокти до една штикла. Едната нијанса е виолетова, а другата магента розова.

Иако нијансите на лак се различни, споредени со штиклата се чини дека и двете нијанси се исти со бојата на штиклата.

Со прашањето околу фустанот научивме многу околу тоа како функционира нашиот ум и кои се реакциите кои се случуваат кога гледаме во оптички илузии, но се чини дека имаме уште многу да научиме.

Сега сконцентрирајте се, добро погледнете ги и двата лака за нокти и одлучете: Која нијанса се совпаѓа со бојата на штиклата?

sosema-nova-raspravia-po-fustanot-koj-lak-odgovara-so-shtiklata-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Трик прашање: Мајка си го кара детето - што не е во ред? На илустрацијата е прикажанa мајка која си го кара детето во неговата детска соб...
Оптичка илузија: Колку кругови има на илустрацијата? Многу луѓе не можат да дадат точен одговор на ова прашање, но дали ќе ви успее в...
Трик прашање за остроумни (одговорете го без Гугл) Дали размислувате логички, или трик прашањата не ви одат од рака? Прочитајте го ...
Што не е во ред со децата кои играат кошарка? Ве предизвикуваме со уште едно визуелно трик прашање – ќе забележите ли што не е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg