Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кај нас владее „женингитис“

kaj-nas-vladee-qzeningitisq-povekjeДраги читатели, ова е текст кој ни го испрати наш читател – Благоја Тричковски. Напоменуваме дека не се правени никакви промени и е објавен оригинално...


...како што сме го добиле. Можеби некој ќе успее да се пронајде.

-

Не верувам дека сум открил топла вода, ама дефинитивно открив два назива шо не опкружуваат у нашето секојдневие. Почињам со „женингитисот“.
Женингитис како и овчата сипаница, најдобро е да се прележат у шо помлади години затоа шо викаат дека сипаницата ствара стерилитет доколку ја фатиш у подоцнежни години, а женингитисот влече поише накај кастрација. Да објаснам, нема муж на планетава шо не го прележал, а се манифестира на повеќе начини шо ќе ги објаснам со неколку примери :

Пример 1. Му се јавуваш на другар ти да дојде на кафе пошто имаш добра ракија и он пун ентузијазам ти вика доаѓам, а после 3 саати одкако не крева у меѓувреме на мобилен, има шесто пеесет изговори, евентуално е искрен и вика абееееее знаеш девојка ми (жена ми ) ...

Пример 2. Седиш у кафана ти се јавуе преносителот на вирусот и ти стануваш со муабет се враќам за 20 минути, и после 3 саати се враќаш на местото од каде што потекнала грозницата со муабет, Шо пропуштив?

Пример 3 . Те бараат за фудбал глеање, се обраќаш на преносителот и добијаш муабет не може да одиш имам „вагинапекторис“ ( у превод ме заболе ) ... и не одиш пошо идеш на гости кај трето колено роднина од нејзина страна.

Има милион примери у кој може да се пронајде заболувањето од женингитис оставам да дополните некој, воедно добрата работа е шо еднаш одкако ќе го прележиш после искусно знаеш како да избегнеш опасност од повторно враќање на истиот.

Поактуелно шо ми е периодов е откритието на бактеријата „ Свадбилокока “ шо генерално ја поседува исклучиво женскиот пол (нормално има исклучоци и во машкиот род, ама тие работат ко вединг планери и имаат дечковци). Значи Свадбилокока е бактерија шо у принцип се активира месец дена пред свадбениот чин помеѓу две единки, шо не е случај да се јави и порано. Не зборам за организирање на свадба, него зборам за свадбилококата шо едноставно одкако ќе се активира се појавуваат симптоми слични као на Кравје лудило али у поблага варијанта. Да се навратам, Свадбилококата одкако ќе се активира обично месец дена пред свадба ги опфаќа сите припаднички на женскиот пол кој се директно инволвирани во Свадбениот Чин .. од 3 до 99 години. Симптомите најчесто се дезориентираност, губење во простор, придавање на значење, ПАНИКА, заборавеност. Имам неколку примери и за оваа Бактерија.

Пример 1. Ти ѕвони телефонот 30 пати на ден, и кога и да кренеш добиваш изливи на паника од типот на, ЈАДЕШЕ ? А Што јадеше? - ЗАШТО НЕ ЈАДЕШЕ ОВА ААААА ??????? - одкако ќе сфатиш дека се работи за бактерија смирено спушташ слушалка и се запрашуваш Зошто ми требаше се ова ...

Пример 2. Седиш со другарите дома додека телефонот ѕвони пак 30ти пат и слушаш ТИ НЕМАШ ЛИ ПОПАМЕТНА РАБОТА, ЈА ТУКА ТРЕБА ДА МИСЛАМ ШО ТАНТЕЛА ДА СТААМ НА БОНБОНИТЕ Ти пиво пиеш ... и пак си со знак прашалник, пред Другарите се смееш и викаш АААЈДЕЕЕЕЕЕ СЕ СЛУШАМЕ ПОКАСНОООООО...

Пример 3. Мајки тетки стрини вујни се жалат шо немаат шо да облечат, како да ги покријат свадбарките и слично и покрај миљардата примери, припадниците на машкиот пол се размишљаат у вакви ситуации како да станат недостапни на телефонот, и да избегаат шо подалеку од контаминираното тло шо ги опкружува.

Нажалост лек за оваа бактерија и за Вирусот погоре не постојат, останува на народната „ време лечи се “ ... ама како и да е не може а да не останат незаприметени.
Искрено ваш, Благоја Тричковски прележан од женингитис и свадбилокока.

-

Би можело да ве интересира:

Популарни дестинации и атракции кои наскоро може да исчезнат (поради нашата несовесност) Поради климатските промени, Малдивите веројатно ќе бидат под вода до 2050-та. Та...
Најбогатото куче на светот живее во раскош - поседува вили и јахти, а на одмор оди со приватен авион Богатството го наследил од својот татко, а за него е снимена и серија на Нетфлик...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Одлики што им се заеднички на успешните луѓе, според психолози Покрај очигледната самодоверба, ако сакате да бидете успешни, важно е да презема...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg