7 работи кои откриваат повеќе детали за нашиот карактер од психолошки тест
И кафето открива детали за нашиот карактер
Психологот доктор Рамани Дурвасила направила истражување во кое учествувале 1.000 испитаници, со цел да открие дали изборот на кафе кажува нешто за нечиј карактер.
Таа открила дека луѓето кои преферираат инстант кафе обично настојуваат да одложуваат обврски и се лоши во правењето планови.
Оние кои пијат кафе без додатоци се постаромодни и ја ценат едноставноста.
Луѓето кои сакаат кафе со млеко, шеќер и, генерално, кафиња со секакви додатоци, се отворени и дарежливи.
Уметничките дела во домот покажуват колку сме отворени
Истражување спроведено во Англија во кое учествувале 90.000 испитаници имало за цел да открие дали уметничките дела во домот кажуваат нешто за нас.
Истражувачите откриле дека луѓето кои се поотворени сакаат апстрактни уметнички дела, додека луѓето склони кон анксиозност и срамежливост - уживаат во поп-арт уметноста.
Од друга страна, луѓето кои се позатворени го сакаат импресионизмот во уметноста.
Бирото покажува колку сме одговорни
Според психологот Сем Гослинг, средното биро обично е знак за личност која е одговорна и навреме ги завршува обврските.
Но, тој истакнува дека расфрланото биро не значи неодговорна личност, туку почесто е знак за креативност.
Нередот во домот не секогаш е знак за нешто негативно
Иако нередот во домот може да има негативно влијание врз нашето ментално здравје, тој не секогаш е знак за нешто лошо.
На пример, малку хаотичниот дом кој е повремено несреден обично ѝ припаѓа на креативна личност која е отворена за нови искуства.
Но, доколку станува за многу неуреден и нечист дом, можно е да станува збор за личност со проблеми како депресија.
Од друга страна, луѓето чиј дом е постојано беспрекорно чист се перфекционисти и мораат да имаат контрола над сè.
Спирова С.| Црнобело