13 предмети кои треба да ги имате во автомобилот (за непредвидливи ситуации)
Одредена сума пари, резервен клуч од домот, очила за сонце и удобни патики – некои предмети е добро да ги имате во вашиот автомобил бидејќи можат да се покажат како многу корисни во непредвидливи ситуации.
Многу полесно ќе се справите со непредвидливите ситуации на автопат ако чувате некои предмети во автомобилот.
Без разлика дали ќе заглавите во метеж, ќе ви се расипе автомобилот среде автопат или што било друго, некои предмети можат значително да ви ја олеснат целата ситуација.
За кои предмети станува збор?
Вреќи за отпад
Вреќите за отпад нема да ви зафаќаат воопшто простор, а можат да бидат навистина корисни.
На пример, можеби ќе ја извалкате облеката што ја носите, па ако имате вреќа без проблем ќе можете да ја складирате таму додека да стигнете дома.
Или, ако сте на подолго патување, сигурно ќе ви притреба вреќа за да ги фрлате остатоците од храна и пијалаци.
Паста и четка за заби или средство за плакнење уста
Четката и пастата можат да ви се најдат ако одите на долги патувања.
Средството плакнење уста, пак, е одличен начин да го освежите здивот пред да излезете од автомобилот на состанок, вечера и слично.
Нож за сечење безбедносен појас
Колку и да не сакаме да мислиме на сообраќајни несреќи, секогаш е добро да бидеме подготвени на најлошото.
Сечилото со кое можете да го исечете безбедносниот појас може да биде многу корисно во случај да не можете да го извадите појасот како вообичаено.
Влошки и слични продукти
Секоја жена знае дека менструацијата може да биде непредвидлива. Па, за да ги избегнете незгодите, во автомобилот чувајте влошки или тампони, па дури и пар чиста долна облека.
Удобни патики
Најпрво, многу е побезбедно да возите со удобни патики отколку со штикли, па препорачливо е да имате еден пар во автомобилот.
Покрај тоа, некогаш можеби ќе ви се расипе автомобилот, па ќе треба подолго да одите пеш, а во овој случај добро е да бидете подготвени со удобни чевли.
Пари
Секогаш е добро да имате одредена сума пари во автомобилот за непланирани ситуации.