Бонтон правила за однесување на маса кои ги знаат само културните и отмени луѓе
Ако имате кармин, пијте цело време од иста страна на чашата. За јадење паста користете и лажица со виљушката. Семките од овошје не ги вадете со уста. Кои други бонтон правила за однесување на маса ги применуваат културните луѓе?
Дали кога сте во ресторан или на гости внимавате на бонтон правила за однесување на маса или правите како што ви е вам најудобно?
Освен правилата кои сите ги знаеме, како – држење нож во десна рака, не зборување со полна уста и слично, постојат и некои други правила кои културните луѓе кои живеат по бонтон ги знаат.
Но, многумина немаат слушнато за овие правила, па ако сакате да се издигнете во тој поглед, применете нешто од нив.