„Се преселив од Ирска во Токио пред 4 години – што ме изненади најмногу?“

Многу кафетерии отвораат дури на пладне

Во повеќето земји, вклучувајќи и кај нас, кафетериите се отворени од 9-10 часот наутро.

Но, Дејвид вели дека поголемиот дел од кафетериите во Јапонија не отвораат пред 11 часот. Некои отвораат дури и во 14 часот попладне.

se-preseliv-od-irska-vo-tokio-pred-4-godini-shto-me-iznenadi-najmnogu-07.jpg

Јапонската кујна е многу разновидна

Сушито и нудлите се најпопуларните јапонски јадења, но Дејвид истакнува дека јапонската кујна нуди и многу други вкусни јадења.

„Токио е градот со најмногу ресторани кои имаат Мишелин ѕвезди – над 200. Многу од нив се со прифатливи цени. Имам најдено ресторани со Мишелин ѕвезда во кои еден оброк може да чини само 10 или 20 долари“.

se-preseliv-od-irska-vo-tokio-pred-4-godini-shto-me-iznenadi-najmnogu08.jpg

Јапонците имаат поразлични бон-тон правила

Дејвид вели дека Јапонците генерално не сакаат физички допир, што значи дека ракувањето и прегратките се неприфатливи, дури и помеѓу луѓе кои се познаваат.

„Кога пробував да се ракувам со некого, луѓето едвај ми ја допираа раката. Сега знам дека треба да се поклонам – традиционален гест за покажување почит – пред да ја подадам раката.

Ако сум на поформален настан, луѓето се претставуваат така што даваат нивна визит-картичка. Научив и дека треба да ја земам картичката со двете раце, но и да не ја ставам веднаш во џеб бидејќи тоа може да биде знак за непочитување.

Многупати ги имам погрешено овие правила, но многумина сфаќаат дека сум странец и ми простуваат“.

se-preseliv-od-irska-vo-tokio-pred-4-godini-shto-me-iznenadi-najmnogu-09.jpg

Малку луѓе разбираат англиски

Англискиот стана универзален јазик и го користиме сите кога сме во странство. Но иако Токио е еден од најразвиените градови во светот, малку луѓе знаат англиски.

Поради ова, Дејвид нагласува дека мора да знаете барем малку јапонски ако сакате да се снајдете.

se-preseliv-od-irska-vo-tokio-pred-4-godini-shto-me-iznenadi-najmnogu-13.jpg

Времето е многу непредвидливо

Во Токио зимите можат да бидат многу студени, а летата пеколно жешки.

„Дури и како личност која доаѓа од студената Северна Ирска, сметам дека зимата во Токио е смрзнувачка. Температурите можеби не се многу ниски, но се чини многу студено поради сувиот воздух.

Во лето, температурите се искачуваат над 33 степени и влажноста на воздухот е многу голема. За личност која е бела како мене, летото може да биде неподносливо.

Покрај честите промени на времето, Токио се соочува и со тајфуни и земјотреси“.

se-preseliv-od-irska-vo-tokio-pred-4-godini-shto-me-iznenadi-najmnogu-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg