„Се преселив од Ирска во Токио пред 4 години – што ме изненади најмногу?“

Метроата се преполни, но внатре е многу тивко, а по полноќ нема ниту еден воз, па ако „заглавите“ на друг крај од градот ќе треба да платите повеќе од 100 долари за такси.

se-preseliv-od-irska-vo-tokio-pred-4-godini-shto-me-iznenadi-najmnogu-01.jpg

Дејви Мекелинеј е роден во Северна Ирска, а во 2018 година се преселил во Токио.

Претходно тој живеел и во Кина и Австралија, а и редовно патувал низ југоисточна Азија.

se-preseliv-od-irska-vo-tokio-pred-4-godini-shto-me-iznenadi-najmnogu.jpg

Но, тој вели дека иако многупати ја искусувал азиската култура, бил вистински изненаден од многу ситници во Токио откако почнал да живее таму.

„Кога се преселив во Токио, мислев дека знам што би можел да очекувам. Но големите градови – особено оние кои се динамични и комплексни како Токио – секогаш носат нови изненадувања“.

За Insider, Дејвид споделува што најмногу го изненадило откако се преселил во Токио:

Во возовите е многу тивко, без разлика што се преполни со патници

Во Токио толку многу луѓе користат јавен превоз, што вагоните во метрото секогаш се преполни.

Поради ова, постојат професионални „туркачи“ чија задача е да ги туркаат патниците во вагонот за да можат да се затворат вратите.

Дејвид вели дека најголемиот метеж се создава во периодот кога сите одат или се враќаат од работа и целото искуство може да биде многу непријатно.

Но, и покрај тоа што во вагоните нема место ни да се свртиш, Дејвид вели дека внатре е неверојатно тивко.

„Некои патници кои седат можат да заспијат додека патуваат, па одвреме-навреме се слуша ’рчење. Но, генерално никој не зборува, не јаде и не создава врева на каков било начин“, вели Дејвид.

se-preseliv-od-irska-vo-tokio-pred-4-godini-shto-me-iznenadi-najmnogu-02.jpg

По полноќ, не работи ниту едно метро

Во скоро сите градови со јавен превоз навечер има ноќни линии, но не и во Токио.

А, кога ќе земете предвид дека Токио е најголемиот град во светот, ова може да биде сериозен проблем.

„Во Токио, сите метроа престануваат со работа околу полноќ. Поради ова честопати ми се случуваше да го испуштам последниот воз до дома па многупати требаше или да платам најмалку 100 долари за такси, или да седам во некој локал до 5 наутро кога првите линии почнуваат да возат“.

se-preseliv-od-irska-vo-tokio-pred-4-godini-shto-me-iznenadi-najmnogu-03.jpg

Градот е толку густо населен, што е тешко да се најде приватност

Во Токио живеат околу 14 милиони луѓе, па неретко на локалците им е тешко да најдат приватност.

„Главните автопатишта и погусто населените области се со метеж од утро до мрак. Станиците во метрото создаваат анксиозност поради метежот. Дури и малите улички е реткост да ги видите празни.

Недостатокот од приватност се чувствува и во домовите. Имам живеено во неколку куќи и станови во Токио и сите имаа многу тенки ѕидови. Беше невозможно да не ги прислушувам соседите и сигурен сум дека и тие морале да го прават истото“, раскажува Дејвид.

se-preseliv-od-irska-vo-tokio-pred-4-godini-shto-me-iznenadi-najmnogu-04.jpg

Киријата е екстремно висока

Поради густата населеност, купувањето стан во Токио е практично невозможно за „обичните“ луѓе. Оние, пак, кои живеат под кирија треба да се задоволат со многу мал простор ако немаат огромни примања.

Всушност, кириите и становите во Токио се едни од најскапите во светот.

„Кога мама ме посети во Токио и влезе во мојот стан, само ми рече: ’Ова ли е сè?‘

Не сакаше да биде неучтива – едноставно, јас требаше да се задоволам со многу мал стан бидејќи сакав да живеам во центарот на Токио“.

se-preseliv-od-irska-vo-tokio-pred-4-godini-shto-me-iznenadi-najmnogu-06.jpg

Во многу локални продавници не можете да плаќате со картичка

Иако Токио важи за „футуристички“ град, поради некоја причина многу продавници и ресторани одбиваат да наплаќаат со картичка.

„Кога првпат се преселив во Токио, морав постојано да вадам пари од банкомат за да можам да плаќам во продавници и ресторани.

Пандемијата натера некои локали да почнат да наплаќаат и со картичка, но повеќето бизниси одбиваат да направат промена“.

se-preseliv-od-irska-vo-tokio-pred-4-godini-shto-me-iznenadi-najmnogu-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg