Австралијците постојано пцујат и уште 15 работи што нам ни се чудни, но се нормални во некои земји
Шведска: „Многу долг годишен одмор – сите вработени имаат најмалку четири последователни недели одмор во лето“.
Австралија: „Пцуеме многу. Навистина многу. Кажуваме пцости во секој разговор и не ни помислуваме на тоа. Странците можат да бидат запрепастени, но ова нам ни е нормално и нема за цел да биде навредливо“.
Јапонија: „Нема многу корпи за ѓубре на улиците. Луѓето си го носат отпадот со нив и го фрлаат дома“.
Холандија: „Патување само со велосипед. Одење на погреб со велосипед, одење во скап ресторан со велосипед, купување новогодишна елка со велосипед…“
Нов Зеланд: „Шетање без чевли. Повеќето од нас живеат покрај брегот каде што времето е убаво. Па, не е ништо невообичаено да видите некој бос во маркет“.
Индија: „Имаме реклами за брачни партнери и сајтови на кои можете да си најдете момче или невеста. Рекламите обично ги објавуваат родителите“.
Мексико: „Можете да купите многу лекови без рецепт, дури и антибиотици, силни апчиња против болка и лекови за кои сигурно треба рецепт во другите земји“.
Малезија: „Користиме барем три јазици во една реченица. Скоро сите го прават ова бидејќи сите знаат да зборуваат малајски, мандарински и тамилски јазик“.
Спирова С. | Црнобело