Австралијците постојано пцујат и уште 15 работи што нам ни се чудни, но се нормални во некои земји
„Во Индија имаме реклами за брачни партнери и сајтови на кои можете да си најдете момче или невеста. Рекламите обично ги објавуваат родителите“.
Различната историја и различниот менталитет на луѓето ги направиле земјите ширум светот многу разновидни.
Постојано слушаме за работи кои за нас се незамисливи, па дури и бизарни, но се сосема нормални во некоја друга земја.
На BuzzFeed и Редит, неколку луѓе споделуваат што е норма во нивната земја, а на странците им изгледа необично:
Чешка: „На децата им е дозволено да влезат во барови. Како Чех, мене ова ми е нормално, но сопругата која е Американка беше зачудена“.
Франција: „Нудисти на плажа. На секоја плажа има голи луѓе и на никого не му е грижа. Нормално е“.
САД: „Рекламирање лекови што се издаваат само со рецепт“.
Луксембург: „Овде гласањето е задолжително. Ако не отидете да гласате, можете да си заработите казна“.
Италија: „За разлика од Америка (и други држави) каде што пицата ја делат повеќе луѓе, во Италија секој човек добива посебна пица. Со неа ви даваат и нож за сами да си ја исечете“.
Англија: „Пералната ни стои во кујната“.
САД: „Навистина е чудно што треба да имате 21 година за да можете да купите алкохол, најмногу бидејќи на 18 години ве сметаат за возрасен“.
Јужна Кореја: „Готовите, спакувани оброци по маркетите се вистински деликатес. Не се ни споредуваат со оброците што ќе ги најдете во други држави“.