Некогаш и денес: Колку се промениле предметите што ги користиме (речиси) сите?
Ролери
Ролерите се изум на Џон Џозеф Мерлин од Белгија.
Наводно, тој ги претставил неговите „чевли со тркала“ во првата половина на 1700-тите, додека бил во Лондон. Нормално, изумот бил далеку од совршен, па за времена презентацијата Џон ги возел неговите ролери и удрил во огледало, по што се здобил со сериозни повреди.
Тогаш изумот не привлекол многу внимание, а бил патентиран дури во 1819 година.
Со текот на времето ролерите се прославувале и го достигнале врвот во таканаречената диско ера, односно во 70-тите и 80-тите години од минатиот век.
Тостер
Првиот електричен тост за правење двопек бил направен во 1893 година од страна на Алан МекМастерс од Шкотска.
За разлика од модерните тостери, овој модел ја загревал само едната страна на лепчето.
Низ годините почнале да се појавуваат нови и подобри модели и со текот на времето тостерот се претвори во апарат што го има во скоро сечиј дом.
Вентилатор
Првиот електричен вентилатор бил направен во 1882 година од страна на Шујлер Вилер.
Во 1909, пак, јапонска компанија почнала да прави вентилатори за домашна употреба и прва почнала со нивното масовно производство.
Денес вентилаторите генерално се заменети од клима уреди, но сепак се користат во многу домови.
Детско седиште за во автомобил
Првите детски седишта за автомобили почнале да се прават на почетокот на 1900-тите.
Интересно е што првите модели немале за цел да го заштитат детето. Наместо тоа, се користеле како додаток на седиштето за детето да седи повисоко, така што родителот кој вози ќе може полесно да го види кога ќе се сврти кон назад.
Дури во 1962 година почнале да се произведуваат модели чија примарна цел била безбедноста на децата.
Спирова С. | Црнобело