Некогаш и денес: Колку се промениле предметите што ги користиме (речиси) сите?
Во древен Египет, паднатите заби биле заменувани со заби од животни и други луѓе, а некогаш и заби направени од злато. Овие „вештачки“ заби биле прицврстувани со жица.
Голем дел од предметите што ги користиме секојдневно постојат неколку децении, векови, па дури и милениуми.
Ова значи дека со текот на времето претрпеле многу промени.
Како изгледале предметите што ги користиме (скоро) сите некогаш, а како изгледаат денес?
Дентален мост
Археолошките наоди покажуваат дека денталните мостови, или барем некоја примитивна верзија од нив, постоела уште во древен Египет.
Египќаните користеле златни и сребрени жици со кои ги спојувале вештачките заби со природните. Вештачките заби всушност биле заби од други луѓе или од животни. Некогаш се користеле и заби направени од злато.
Нормално, овие дентални мостови сигурно не го подобрувале оралното здравје и некогаш биле причина за дополнителни проблеми, но го подобрувале изгледот на насмевката.
Според некои наоди, и во древна Кина се користеле слични методи, само што тие ги заменувале паднатите заби со вештачки заби направени од бамбус.
Денес вештачките заби се прават од издржливи материјали и, за среќа, не се прикачуваат за другите со жици.
Контакти леќи
Се верува дека Леонардо да Винчи би првиот кој размислувал за концептот на контакти леќи. Но, во негово време било невозможно да се реализира оваа идеја.
Уште во 1800-тите експертите разгледувале опции да се направи нешто слично на контактни леќи, но дури во 1888 офталмологот Адолф Гастон успеал да ги направи.
Тој направил контактни леќи од стакло, но бидејќи биле многу големи и не биле флексибилни, не можеле да се носат повеќе од неколку часа.
Во 1936 година очниот лекар Вилијам Фејнблум од САД направил леќи од стакло и пластика, а две години подоцна, унгарскиот очен лекар Истван Горфи направил леќи само од пластика.
Низ годините неговиот модел претрпел многу промени, па денес имаме флексибилни контактни леќи кои можат да се носат долго време и не им претставуваат проблем на оние кои ги носат.
Чорапи
Навистина е тешко да се одреди од каде потекнуваат чорапите и која била првата цивилизација што ги направила.
Најстариот вид чорапи што им се познати на историчарите потекнуваат од древна Грција и се датирани од 8-ми век пред нашата ера. Овие чорапи биле изработени од животински влакна и се носеле со сандали.
Во Египет се најдени остатоци од волнени чорапи, па засега се претпоставува дека древните Еѓипќани се првите кои почнале да прават чорапи од волна.