-->
Меланија потекнува од словенскиот град Севница во кој живеат само 5.000 луѓе, а благодарение на неа, туризмот во градот доживеал вистински бум и бројот на туристи се дуплирал откако таа стана прва дама на САД.
Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, потекнува од Севница – мал град во Словенија во кој живеат едвај 5.000 луѓе.
-->
Бидејќи имала големи соништа и амбиции што не можела да ги реализира во малото гратче, прво се преселила во Љубљана, а оттаму во Милано, па Париз, каде што ја почнала кариерата како модел.
Во 1996 година Меланија се преселила во САД и продолжила да работи како модел, но стана светски позната откако нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, беше избран за претседател на САД.
Во продолжение неколку фотки од Севница кои ги покажуваат скромните почетоци на поранешната прва дама на САД:
Меланија е родена во Ново Место – град на околу 50 километри од Севница. Сепак, детството и дел од младоста ги поминала во Севница, па ова е всушност „нејзиниот“ град.
Севница се наоѓа покрај брегот на реката Сава во централна Словенија и брои едвај 5.000 жители.
-->
-->
Во периодот кога се родила Меланија, Словенија уште била дел од Југославија.
-->
Гратчето на Меланија е познато по производство на мебел и облека, но и производството на салама. Наводно, овде се произведуваат над 150 разни видови салама.
Кога Меланија стана прва дама на САД, бројот на туристи во Севница се дуплирал. Па, користејќи ја нејзината популарност, во градот почнале да се произведуваат храна и сувенири кои го носат нејзиното име или името „Прва дама“.
-->
Меланија и нејзиното семејство живееле во зградата на фотографијата подолу. Нејзиниот татко, Виктор Кнавс, продавал автомобили, а нејзината мајка Амалија работела во локална текстилна фабрика.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира: