Совети за безбедност со кои ќе ги избегнете несаканите ситуации во домот и надвор од него
Не мешајте избелувач со други продукти за чистење, ако трчате навечер облечете рефлектирачка облека, а ако сте во природа и ве касне диво животно, веднаш одете во болница, без разлика колку е мала раната од каснувањето.
Без разлика дали сте во природа, во автомобилот, па дури и дома, мора да се грижите за вашата безбедност.
Малите и големите несреќи не се предвидуваат и можат да се случат секому, па добро би било да го намалите ризикот од нив.
Нормално, не треба да бидете опседнати со безбедноста и постојано да се плашите дека ќе се случи нешто лошо, но постојат некои ситници кои е добро да ги знаете за секој случај.
Едноставни совети за безбедност со кои ќе избегнете бројни несакани ситуации:
Во домот
Гответе на ринглите кои се поназад, особено ако имате мали деца
Доволна е секунда невнимание за да го турнете тенџерето од шпоретот и целата врела храна да заврши врз вас.
Шансите да се случи нешто вакво се уште поголеми ако имате мало детенце кое од љубопитност може не сакајќи да го турне тенџерето или тавата ако на миг се тргнете од шпоретот, или пак да се изгори.
За да ги избегнете овие несреќни, најдобро е да ги користите ринглите кои се поназад.
Не мешајте избелувач со други продукти за чистење
Не е препорачливо да мешате избелувач со други средства за чистење бидејќи сепак станува збор за хемикалии кои можат да бидат штетни.
Освен ако не сте експерт за хемија, избегнувајте да мешате и други средства за чистење едни со други бидејќи некогаш може да настане опасна реакција која ќе ослободи токсични гасови.
Задолжително проверувајте го домот кога фарбате нешто
Без разлика дали ги варосувате ѕидовите или фарбате нешто друго во домот, не заборавајте да отворите барем еден прозорец.
Додека да се исушат, боите и лаковите можат да бидат многу штетни ако ги вдишете.
Не ставајте средства за чистење или што било штетно во шишиња од сок, вода и слично
Навистина е добро ако сакате да им најдете нова намена на пластичните шишиња наместо да ги фрлите, но во нив немојте да ставате ништо токсично.
Постои голема веројатност некој да се напие од тоа шише ако течноста да изгледа како сок или нешто слично, а не мора да ви кажуваме дека последиците од ова можат да бидат мошне лоши.
Користете остри ножеви
Ако користите тап нож за сечење, ќе треба да употребите повеќе сила, а со ова се зголемуваат шансите ножот да ви се лизне и да се пресечете.
На улица
Не го вадете телефонот ако некој ве праша колку е часот
Не значи дека секој што ќе ве праша колку е часот сака да ви наштети, но подобро бидете претпазливи и немојте да го вадите телефонот, особено ако сте во град или земја што не ви се многу познати.
Некогаш крадците го користат овој трик – штом ќе го извадите телефонот, брзо ќе ви го земат од рака и ќе почнат да бегаат.
Носете рефлектирачка облека навечер
Ако треба да се движите по улица или на место каде што има многу автомобили, а лошо осветлување, облечете рефлектирачка облека за возачите да можат да ве видат.