Совети за безбедност со кои ќе ги избегнете несаканите ситуации во домот и надвор од него
Во автомобил
Понесете резервна облека ако треба да возите неколку часа
Додека се возите во автомобил со часови, можно е да настанат секакви проблеми – од непредвидени лоши временски услови, па сè до дупната гума среде автопат.
Затоа, со вас секогаш носете и резервна облека. Во постудените месеци, препорачливо е да имате и резервна јакна и чизми.
Не ги ставајте нозете на контролната табла
Нозете секојпат треба да ви бидат спуштени на земјата.
Доволно е само едно нагло кочење за силно да си ја удрите главата од колената, па не ризикувајте.
Во природа
Секогаш носете свирче
Ако одите на планинарење или кампување, со вас секогаш носете и свирче. Во случај да се оддалечите од групата, со свирчето ќе можете да им го привлечете вниманието на другите.
Ако останете без храна, можете да јадете глуварчиња
Ако се најдете во неповолна ситуација и останете без храна во природа, никако немојте да пробувате да јадете печурки. Многу е лесно да направите грешка и да изедете нешто отровно.
Наместо тоа, глуварчето е растение што е сосема безбедно за јадење и може колку-толку да ве засити додека да добиете помош.
Ако ве касне диво животно, веднаш одете во болница
Дури и ако каснатото место е мало и сметате дека нема да ви предизвика проблеми, веднаш одете во болница доколку ве касне диво животно.
Беснилото е смртоносно заболување кое може да се пренесе од каснување од животно и затоа веднаш побарајте лекарска помош.
Спирова С. | Црнобело