Емотивна приказна на пар од Русија, каде љубовта победила: „Кога тој остана парализиран, сите ми велеа да го оставам“

Откако сопругот на Марина останал парализиран, многумина ја „советувале“ да го остави. Но, Марина не се откажала од својот сакан и сега ужива во заедничкиот мирен и хармоничен живот во мало селце во Русија. 

emotivnata-prikazna-na-marina-od-rusija-i-nejziniot-soprug-so-invaliditet-koga-ostana-paraliziran-mi-vikaa-da-go-ostavam-01.jpg

Марина и нејзиниот сопруг Санја живеат во Русија и се заедно 16 години. Тие сакале да се венчаат, но тој период Санја доживеал страшна сообраќајка што го оставила делумно парализиран.

По несреќата, Марина направила сè во нејзина моќ за да се преселат со саканиот во мало село во Русија бидејќи сметала дека тоа ќе биде многу подобар живот за Санја.

emotivnata-prikazna-na-marina-od-rusija-i-nejziniot-soprug-so-invaliditet-koga-ostana-paraliziran-mi-vikaa-da-go-ostavam-03.jpg

Марина вели дека по несреќата, луѓето често ѝ велеле да го остави сопругот бидејќи ќе треба целиот живот да му го посвети нему, но, како што вели самата, љубовта е посилна од сè и таа со задоволство се грижи за него.

Во сообраќајката, Санја добил повреда на главата и поминал многу време во болница. На почетокот го изгубил и помнењето, но, за среќа, постепено му се вратило.

Сепак, Санја ја изгубил способноста да се движи и повеќе не може да ги користи неговите раце.

emotivnata-prikazna-na-marina-od-rusija-i-nejziniot-soprug-so-invaliditet-koga-ostana-paraliziran-mi-vikaa-da-go-ostavam-04.jpg

Како ова да не е доволно, Санја имал и неколку мозочни удари, а Марина била сериозно загрижена за тоа дали ќе ги преживее. Но, благодарение на нејзината посветеност, денес Санја е пресреќен во нивниот дом и се чувствува навистина добро.

Кога состојбата на Санја се подобрила, тој и Марина конечно стапиле во брак.

„Немаше церемонија, ни забава. Не помисливме ни да направиме фотографија. Само отидовме и се потпишавме.

Морав да му помогнам на Санја да го држи пенкалото бидејќи тогаш веќе не можеше да ги користи рацете. Потоа направив вечера и двајцата сами си прославивме за венчавката“, открива Марина.

emotivnata-prikazna-na-marina-od-rusija-i-nejziniot-soprug-so-invaliditet-koga-ostana-paraliziran-mi-vikaa-da-go-ostavam-06.jpg

Набрзо потоа, сметајќи дека на Санја ќе му биде подобро на помирно место, Марина предложила да се преселат во село.

„За сопругот полесно да заздрави, се преселивме во село. Ги вложивме сите наши пари во нова куќа. Мислев дека лесно ќе најдам работа во селото, но направив грешка и набрзо останавме без пари“.

emotivnata-prikazna-na-marina-od-rusija-i-nejziniot-soprug-so-invaliditet-koga-ostana-paraliziran-mi-vikaa-da-go-ostavam-05.jpg

Тогаш Марина го собрала целиот накит, заедно со вереничките прстени, и го однела во заложна куќа. Добила доволно пари за еден месец, но ги изгубила кога си одела накај дома со автобус.

„Панично барав низ чантата и џебовите и на крај сфатив дека ми ги нема парите, дека ги изгубив. Почнав да плачам. Тогаш му реков на возачот да застане да се симнам и да си одам пеш, бидејќи немам како да му платам. Но жената што седеше пред мене без двоумење го плати мојот билет“.

Марина вели дека уште е во неверување од добрината што ѝ ја покажале сите на автобусот. Имено, кога сфатиле што се случува, сите почнале да ѝ даваат пари за да ѝ помогнат.

„Сите ми даваа пари. Ги одбивав, но буквално ми ги туткаа во рацете. На крај ми дадоа многу повеќе пари од сумата што ја загубив“.

emotivnata-prikazna-na-marina-od-rusija-i-nejziniot-soprug-so-invaliditet-koga-ostana-paraliziran-mi-vikaa-da-go-ostavam-07.jpg

Марина и Санја биле обезбедени за цел месец, а набрзо потоа таа си нашла и работа.

„Оттогаш поминаа многу години, но уште се сеќавам на тој настан и никогаш не ги игнорирам луѓето на коишто им треба помош“.

emotivnata-prikazna-na-marina-od-rusija-i-nejziniot-soprug-so-invaliditet-koga-ostana-paraliziran-mi-vikaa-da-go-ostavam-08.jpg

Денес Санја и Марина имаат стабилна финансиска состојба и животот им тргнал во нагорна линија. Марина вели дека редовно одат на прошетки, без разлика што некогаш ѝ е тешко да го вози Санја во количка. Некогаш му помага и да застане и самиот да се движи.

„Одиме чекор по чекор. Но упорна сум. Постои мислење дека луѓето со попреченост треба да се откажат и да не прават ништо. Дека целиот свет треба да им биде една соба. Не сакам Санја да биде таков и тоа ми е најголем поттик во тешките денови“.

Марина вели дека и двајцата водат активен живот и се пресреќни.

„Секоја минута од нашиот живот е испланирана. Наутро вежбаме, потоа му помагам да се избања. Некогаш не му се допаѓаат активностите, но јас сум упорна. Му велам дека не смее да покаже слабост.

Во текот на денот имаме и други активности – моделираме, играме игри, сложуваме сложувалки. Навечер гледаме филм, си разговараме и го планираме следниот ден“.

Марина вели дека сега често одат и до градот во близина на нивното село и иако некогаш се соочени со лоши погледи, пробуваат да ги игнорираат.

Некогаш им дофрлаат и лоши коментари, но Санја и Марина не им обрнуваат никакво внимание.

emotivnata-prikazna-na-marina-od-rusija-i-nejziniot-soprug-so-invaliditet-koga-ostana-paraliziran-mi-vikaa-da-go-ostavam-02.jpg

Тие се уште еден доказ дека луѓето со попречености не треба да се откажуваат, а оние околу нив да ги прифаќаат и да им помагаат да водат што е можно подобар живот. 

Среќниот пар има и Инстаграм профил каде редовно споделуваат фотки и видеа од нивното секојдневие и животот во убавото руско селце.

Повеќе фотки од парот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg