15 работи кои мора да престанете да ги правите во јавен превоз, низ илустрации
Зафаќате седишта со кеси и торби
Воопшто не е во ред да терате некој да стои во автобус, само поради вашите торби или кеси. Овие работи секогаш треба да ви стојат во скутот или покрај вашите нозе.
Не сте внимателни со чадорот
Кога е врнежливо, откако ќе влезете во автобусот, немојте да го тресете чадорот. Наместо тоа собере го, притоа внимавајќи да не намокрите некого.
Зборувате гласно на телефон
Многу луѓе се чувствуваат непријатно кога се присилени да слушаат туѓи разговори и приватни детали од животот на другите, па поштедете ги од тоа.
Ова не значи дека не треба никако да зборувате на телефон, но ако не е нешто итно, завршете го разговорот што е можно побрзо и не зборувајте на цел глас.
Се навалувате на држачите
На еден вертикален држач можат да се фатат најмалку тројца, но не ако вие си се навалите на него. Секогаш имајте ги предвид и другите патници и не ги узурпирајте држачите во автобусот.
Им дозволувате на децата да се качуваат на седиштата
Вашето дете можеби не разбира, па вашата задача е да му кажете дека не треба да се качува на седишта во автобусот.
Не внимавате кога до вас има бремена жена
Бидете особено внимателни ако до вас стои бремена жена – немојте да се туркате и внимавајте да не ја удрите по стомакот. Ако седите, добро би било да ѝ го отстапите вашето место каде што ќе биде побезбедна.
Правите застој пред вратата
Немојте да правите застој пред вратата на автобусот и извадете си ја автобуската картичка пред да влезете внатре. Ако плаќате со телефон, дајте им предност на другите за да не правите застој пред вратата.
Фрлате ѓубре во автобусот
Во некои автобуси има корпа за отпадоци, но ако нема, нема да ви се случи ништо лошо ако го почувате ѓубрето во рака за да го фрлите надвор во корпа.
Спирова С. | Црнобело