15 работи кои мора да престанете да ги правите во јавен превоз, низ илустрации
Не ѕиркајте во туѓи телефони, не правете застој пред вратата и немојте да зафаќате седишта со кеси и торби кога гледате дека има луѓе кои стојат.
Во јавниот превоз може да владее вистински хаос, особено ако е период кога луѓето одат и се враќаат од работа, па сите мораме да направиме компромис и да ги земеме предвид и другите патници за возењето да ни биде пријатно.
Ако не сакате другите да ве презираат или да изгледате како некултурен личност, престанете да ги правите следниве работи во јавен превоз:
Брзате да влезете без да ги пуштите другите да излезат од автобусот
Ако сте од оние кои брзаат да влезат во автобусот без да им дозволат на другите да излезат, верувајте дека сите ве презираат. Автобусот нема да ви избега ако почекате неколку секунди за луѓето да излезат од него, па нема потреба да правите турканица.
Го носите ранецот на грбот
Ако автобусот е делумно празен, тогаш нема потреба да мислите на ранецот. Но штом внатре има многу луѓе, почитувајте ги и извадете го ранецот од грбот. Вие не ни забележувате, но кога имате ранец, со секое движење ги удирате луѓето околу вас.
Стоите пред врата
Ако не се симнувате на следната постојка, немојте да ја блокирате вратата за оние кои сакаат да излезат. Ако автобусот е преполн и сепак нема каде на друго место да стоите, тогаш излезете и вие од автобусот за да направите место за минување, па вратете се внатре.
Се туркате наместо да ги замолите другите да ви направат место
Зошто да се туркате во другите кога можете културно да ги замолите да се потргнат за да поминете? Дури и ако некој стои пред вратата, немојте да бидете неучтиви и прашајте го дали ќе слегува на следната станица. Ако одговорот е не, замолете го да застанете пред него.
Ѕиркате во туѓи телефони и книги
Само затоа што некој чита книга во автобус или си го проверува телефонот, не значи дека имате дозвола да ѕиркате.
Можеби некогаш искушението е големо, но воздржете се и почитувајте ја туѓата приватност. Ако ви е тешко, запрашајте се дали вие би сакале другите да ви гледаат во телефонот или она што го читате.
Не користите слушалки
Дури и ако мислите дека имате најпрефинет вкус за музика, буквално никој во автобусот не сака да ја слуша вашата плеј-листа.
Седите со раширени нозе
Ако до вас не седи никој, слободно раширете се, но штом седиштето е зафатено почитувајте го просторот на другите и седете со собрани нозе.