Работи во домот што гостите веднаш ги забележуваат и не ги забораваат, низ илустрации
Валкани, искинати домашни влечки, мачка која се качува на масата со храна, куп садови во мијалникот – постојат некои работи кои гостите дефинитивно ги забележуваат во вашиот дом и голема е веројатноста да ги прераскажат.
Канењето гости е одличен начин да си поразговарате со саканите луѓе во интимна атмосфера. Но во ваквите ситуации добро би бил да обрнете внимание на некои други ситници освен мезето и пијачките што ќе ги приготвите за гостите.
Всушност, добро би било секогаш да ги земате предвид овие нешта, не само кога имате гости. Сепак, чистиот и среден дом ќе направи да се чувствувате многу попријатно.
Работите во вашиот дом што гостите не ги забораваат:
Многу украси и сувенири кои само собираат прашина
Украси, сувенири, играчки, безброј фотографии – запрашајте се дали навистина ви требаат сите овие предмети и дали навистина имаат некаква вредност за вас. Сигурни сме дека за повеќето одговорот е „Не“.
Оставете го она што ви значи и слободно ослободете се од непотребните предмети кои само собираат прашина.
Мачка која се качува на масата со храна
Вам сигурно не ви пречи вашата мачка, но штом имате гости, мора да ги земете предвид нивните потеби. Многу луѓе, иако сакаат животни, не се чувствуваат пријатно ако знаат дека вашата мачка им ја душкала храната.
Ако имате непослушна мачка која се качува по маси, држете ја понастрана од просторијата со гости, особено ако им послужувате храна.
Куп валкани садови
На сите ни се случува да го прескокнеме миењето садови, но не дозволувајте во кујната да ви се собере цел куп.
Покрај тоа што изгледа лошо и гостите сигурно ќе забележат, валканите садови се дувло за бактерии, а ако ги оставите подолго време, подгответе се и за лебарки во домот.
Валкан тоалет
Дури и да живеете во најубавиот дом, дури и сè друго да ви е средено, валканиот тоалет ќе привлече најмногу внимание кај гостите.
Не заборавајте редовно да го чистите тоалетот, а кога имате гости, скријте ги личните продукти за хигиена.