Работи во домот што гостите веднаш ги забележуваат и не ги забораваат, низ илустрации
Расфрлани обувки во ходникот
Ходникот е првото нешто што го здогледуваат гостите кога влегуваат во вашиот дом, па ако имате куп расфрлани обувки, јасно е каков впечаток ќе добијат.
Чевлите на кои не им е сезона ставете ги во кутии и тргнете ги настрана, а во ходникот добро би било да набавите ормарче или полица за чевли доколку немате.
Сушење долна облека среде собата со гости
Во студените месеци многу полесно е да ја сушите облеката во домот, но ако имате гости барем преместете ја сушарата во другата соба.
Никој нема да се чувствува пријатно покрај вашата изложена долна облека.
Песок за мачки во кујната
Денес лесно можете да најдете песок за мачки што ги неутрализира непријатните мириси, но за многу луѓе не е воопшто пријатно да јадат до тоалетот на вашето милениче.
Всушност, не е ни хигиенски да го чувате песокот во кујната каде што приготвувате храна.
Валкани и искинати домашни влечки
Пред да им понудите домашни влечки на гостите, обрнете внимание дали се валкани и искинати. Бидејќи, сигурно и вие не би облекле туѓи искинати влечки кои мирисаат лошо.
Гласно расправање со партнерот или семејството пред гостите
Никогаш немојте да се расправате со домашните пред гостите. Без разлика за каков проблем станува збор, почекајте гостите да си заминат, па разговарајте.
Само помислете како би се чувствувале вие ако домаќините почнат да викаат на цел глас додека сте кај нив на гости.
Спирова С. | Црнобело