Модератор, староседелец, озборувачка - 10 типа на луѓе што ќе ги сретнете во секоја населба
Редарот
Тој е тука за да ви укаже на вашите хигиенски навики. Дали го фрлате ѓубрето, зошто не ви е исчистен дворот. Дали собирате по вашето куче кога го шетате. Сега со социјалните мрежи нештата му се мошне олеснети, па наместо да доаѓа до дома за да ви укаже на грешките, често знае да објави фотографии и да го искаже своето незадоволство САМО СО ГОЛЕМИ БУКВИ.
Дежурна мајка
Таа е тука за да се грижи за сите. Ако некоја жена добие дете таа е тука за да ѝ помогне, да ѝ укаже како треба со децата, да ја поучи. Исто така, таа е тука за да се грижи и да им помогне на сите: шансите се дека ако некој се повреди и не може да оди до продавница – таа секој ден ќе оди и ќе му ги набавува неопходните работи. Ако ви треба лек за нешто – прашајте ја – таа знае.
Неми посматрачи
Ова се луѓето што ги следат секојдневните случувања во населбата или во маалото, но не им обрнуваат особено внимание. Тие ретко се впуштаат во комуникација со другите луѓе, освен ако нема вистинска потреба за тоа. И да имаат сопствен коментар за нешто најчесто го држат за себе.
Хаусмајсторот
Доколку ви треба било каква поправка, тој е тука. Речиси секогаш има широко познавање од сите области и мајстории – знае да поправа струја, водовод, автомобили. Кога и да ви треба било каков совет за поправка тој е тука. И да, ако треба да се бојадисаат ѕидовите во влезот, да се поправи нешто тој е тука да ја прифати работата – нема потреба да викате мајстори!
Озборувачката
Без нив оваа листа нема да биде целосна. Присутни се во секоја населба, маало, град. Тие точно знаат кој од соседите кога оди на работа, кога се враќа, кога се дома, кога не се. Нивната љубопитност за тоа што прават соседите не им дозволува да го напуштат местото од пред прозорецот или балконот, а секако тука се и за да ги информираат другите соседи каде сте, што правите и кога ќе се вратите.
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: Pixabay