Модератор, староседелец, озборувачка - 10 типа на луѓе што ќе ги сретнете во секоја населба
Ако сте живееле на повеќе места во вашиот живот, тогаш често се случува да забележите дека во секоја населба може да се забележат неколку вида карактери на луѓе што се секаде присутни. Без разлика дали сте во Скопје, во некој помал град или некаде во странство.
Речиси секаде може да се забележат луѓе што горе долу имаат свои претходно одредени улоги до кои што се држат, а ако набљудувате внимателно лесно ќе ги препознаете.
Модератор
Тие се секогаш тука за да организираат петиции, да ги организираат сите настани во населбата каде треба сите да бидат вклучени. Тука се за да се соберат средства кога треба да се реновира нешто и ја имаат токму таа улога, да го одржуваат разговорот и комуникацијата помеѓу соседите. Тие се тука за да ве известат за сите настани и случувања во кои што треба да се вклучите.
Комичарот
Овој тип на луѓе кога се појавува на состаноците на куќен совет – најчесто доаѓа за да ве насмее и да ве потсети дека нештата не треба да ги прифаќате толку сериозно. Секогаш знае да сподели некоја нова досетка или виц, а речиси ниту едно „Добар ден“ во разминување не поминува без некаква шега.
Темпераментниот
Овој човек може да избувне буквално и за најмали ситници, па не бира начин и зборови со коишто ќе го искаже сопственото незадоволство. Често се случува за сè што не му се допаднало да реагира со навреди и секако да ве прозива за неправдите на „гласен тон“ за да слушнат сите соседи како сте го навредиле или повредиле.
Староседелецот
Без разлика колку време живеете во истата населба тој бил тука пред вас и во секоја прилика ќе ве потсети за тоа. Негови омилени фрази се: „Ти не знаеш како беше порано“, „На времето...“ и „Распрашај се, ќе ти кажат како беше порано“.
Сомничавиот
Тој се сомнева за сè. Тој се сомнева каква ќе биде услугата, ако некој дојде нешто да реновира или да поправи и тука е за да провери сè: квалитет на услуга, рејтинг на фирма, дали тоа чини толку колку што сте кажале дека ќе чини... На крај ќе ве запраша дали воопшто ви се потребни такви поправки и реновирања?