Луѓе споделуваат ужасни болнички оброци низ земјите во светот (фото)
Парче леб и кромид, половина варен компир, две ќебапчиња и јогурт - на некои болници воопшто не им е грижа каква храна им даваат на пациентите. А, како е ситуацијата кај нас?
Изгледа дека скоро сите болници ширум светот имаат едно заедничко нешто – ужасна храна. Додека лекарите и медицинскиот персонал го даваат најдоброто од себе за да им помогнат на пациентите и да им го направат престојот во болница што е можно поудобен, веројатно истото не важи за оние кои се во кујната.
На сите ни е јасно дека не можеме да очекуваме добар оброк во болница, но луѓето очекуваат да добијат нешто што барем личи на храна.
За жал, речиси секогаш реалноста е многу поразлична и луѓето кои престојувале во болници навистина виделе сè и сешто, а многумина решиле и да се „пофалат“ на Редит со „хранливите“ оброци што им ги дале.