Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Жените се нежни, мажите повисоки: Како настануваат предрасудите?

Предрасудите силно го обликуваат однесувањето и влијаат врз човековата интеракција. Претставуваат неоснован и обично негативен став кон членовите на одредена група. Придружени се со непријатни чувства и склоност кон дискриминација. 

kako-i-zosto-nastanuvaat-predrasudite-01.jpg

Иако дефинициите можат да се разликуваат, едно е сигурно - толеранција за различноста е многу мала. Покрај тоа, човек кој го гледа светот од тој агол ги генерализира луѓето и не ги гледа како поединци.

Постојат различни видови на предрасуди, од кои се разликуваат предрасуди според пол, раса, возраст, сексуална ориентација, националност, социоекономски статус и верска припадност.

Придружени се со феномени како што се: расизам, сексизам, класизам, хомофобија, национализам, ејџизам и ксенофобија. Кога се во прашање стереотипите, истите можат да бидат позитивни или негативни.

Пример за првата група би била претпоставката дека сите жени се топли и нежни, а за втората дека сите тинејџери се мрзливи. Сепак, бидејќи овие мислења не се засновани врз факти, истите можат лесно да се свртат во насока што не ја сакаме.

Она што е интересно да се напомене е дека имаме тенденција да ги минимизираме разликите помеѓу членовите на истата група и да ги преувеличуваме разликите помеѓу различните групи.

Kako nastanuvaat predrasudi 02

Еден експеримент ја потврди оваа теза во примерот на мажите и жените. Поточно, на испитаниците им било кажано да ја проценат висината на жените и мажите на фотографиите (луѓето на фотографиите имале иста висина). Резултатите покажале дека мажите генерално биле прогласени за повисоки.

Истражувачите, исто така, заклучиле дека во рамките на нивната група луѓето се сметаат себеси за различни, додека луѓето од другите групи ги сметаат за монотони. Овој феномен е широко распространет и се однесува на раса, националност, верска припадност, возраст и слични категории.

Покрај наоѓањето на причините за предрасудите, важно е да се осврнеме и на начинот на кој можеме да ја намалиме нивната употреба.

Емпатијата кон членовите на другите групи се издвојува како едно од најдобрите решенија. Помага да се замислите на туѓо место и да размислите како би дејствувале во истата ситуација.

Kako nastanuvaat predrasudi 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg