Совети за пријателството од постари жени што секоја девојка треба да ги слушне
Можеби вашите пријателки не се совршени, но тие дефинитивно ви го прават животот подобар и полесен. Па, време е да им го дадете признанието што го заслужуваат.
Во продолжение погледнете неколку совети за пријателството од постари жени, што секоја девојка треба да ги слушне.
Годините се само број
Никогаш не сте престари за ништо, па искористете го секој момент од животот до максимум.
Зборувајте едни со други
Наместо да се озборувате, обидете се да разговарате едни со други. Секогаш е добро да ги знаете двете страни на приказната.
Одвојте време за вашите пријателkи
Одвојте време не затоа што морате, туку затоа што сакате. Времето поминато со пријателkите секогаш ќе ви годи.
Пријателството е над врските
Вашите пријателки биле овде пред, за време на и после врските.
Бидете искрени со пријателите
Важно е да бидете искрени со вашите пријатели. Споделете ги вашите проблеми со нив, и тие сигурно ќе ви помогнат да го надминете тешкиот период.
Оставете го телефонот
Одвреме-навреме оставете го телефонот. Обрнете повеќе внимание на интеракцијата во живо.
Одете на одмор со пријателките
Обидете се да организирате кратко патување со вашите пријателки. Ќе имате можност да се дружите, но и да се релаксирате.
Танцувајте како никој да не гледа
Пуштете си ја омилената песна и танцувајте како никој да не гледа. Ова дефинитивно ќе ви го подобри расположението.
Справете се со вашите проблеми
Обидете се да најдете решение за проблемите. Не дозволувајте тие да бидат причина да се оддалечите од пријателките.
Понекогаш расправите се неизбежни
Никој не сака да се расправа со своите пријатели, но понекогаш тоа е единствениот начин да надминете некој проблем.
Пријателите се семејство
Со вашите пријатели сте поминале голем дел од животот, па тие можат да ви бидат поблиски и од семејството.
Понекогаш вашите пријатели знаат што е најдобро
Вашите пријатели ве познаваат подобро од кого било и ви го посакуваат само најдоброто. Па кога ќе ви дадат совет, без разлика колку не ви се допаѓа, послушајте го.
Животот е прекраток за да чекате
Немојте да одложувате ништо. Искористете го времето што го имате сега.
Вашите тајни ќе се разоткријат
Колку и да се обидувате да скриете нешто од пријателките, тие сигурно ќе дознаат. Па, нема потреба да бидете таинствени пред луѓето кои ве сакаат најмногу.
Верувајте им на пријателките
Дозволете си да бидете ранливи пред пријателките. Тие заслужуваат да им верувате.
Ценете ја искреноста на пријателките
Само вашите пријателки ќе ви ја кажат вистината, дури и кога е тешка за слушање. Не заборавајте дека го прават ова од љубов.
Со пријателите полесно ќе ги надминете тешките периоди
Лошите ситуации се неизбежни. Но, кога покрај вас се вашите пријателки, многу полесно ќе ги надминете овие периоди.
Славете за победите со пријателите
Целиот успех нема да ви значи ништо ако немате со кого да го прославите.
Добрите пријателки ве прават подобра личност
Опкружете се со луѓе кои го извлекуваат најдоброто од вас и кои ве сакаат безусловно поради тоа.
Спирова С. | Црнобело