Дали знаете што прават Германците помеѓу 3 и 4 часот попладне?
Традицијата од која ни е тешко да се разделиме, со која дури и се идентификуваме, е пиење кафе додека се дружиме со семејството, пријателите, колегите. Сосема едноставно, обичајот „да одиме на кафе“ стана дел од нас.
Во Германија и Австрија со векови постоела култура наречена „caffe und kuchen“, односно собирање на пријателите и семејството во кафулиња или домови во попладневните часови, со кафе и торта или колачи.
Како што Британците не се откажуваат од чајот, така и Германците имаат традиција да пијат кафе помеѓу три и четири часот попладне и да јадат торта или колачи.
Во текот на неделата обично станува збор за едноставни кекси, но викендите се обележани со парче вкусна торта.
Обичајот за излегување на кафе и торта е популарен кај сите генерации, а местото каде ќе се пие кафето се избира според квалитетот на десертите што се служат.
Постојат многу рецепти за торти, кои одлично се мешаат со богатите и нежните вкусови на кафе, а најпопуларни се рецепти кои содржат ореви. Поради нивните ароматични својства и високата содржина на масла, оревите се користат во сите видови слатки, од сочни бисквити и суви колачи до кремасти колачи.
Постои уште една причина зошто кафето и оревите се совршен пар. Оревите, поради високата содржина на есенцијални масни киселини, витамини и минерали, се важни за правилно функционирање на срцето.
Кафето, од друга страна, содржи кофеин - стимуланс кој има позитивен ефект врз централниот нервен систем и го забрзува метаболизмот.
Експертите велат дека три шолји кафе на ден имаат позитивен ефект врз здравјето, а во комбинација со ореви добивате победничка формула.
Во традиционалните народни рецепти, кои се пренесуваат од генерација на генерација, оревите, лешниците и бадемите се неопходни состојки.
Покрај тоа, со кафето може да се консумира сладок леб, мешавина од ореви, зачини и сушено овошје, потоа кроканат со пржени лешници, бадеми и мед.
Ашера | Црнобело