Дали обликот на телото зависи од датумот на раѓање?
Сте помислиле ли некогаш дека датумот на раѓање може да ја предвиди фигурата на вашето тело?
Главната улога во оваа ситуација ја има нумерологијата. Ова не значи дека нумерулошкото предвидување ќе биде целосно со точно, но за забава, можете да пробате.
За да го откриете типот на вашата фигура, потребно е да ги соберете цифрите од датумот, месецот и годината на раѓање, сè додека не добиете едноцифрен број.
На пример, доколку сте родени на 12.05.1990, ќе треба да пресметате 1+2+0+5+1+9+9+0=27.
Бидејќи ви е потребен едноцифрен број, соберете ги и цифрите 2 и 7 и ќе го добиете бројот 9. Ова значи дека бројот 9 ја одредува вашата фигура.
Број 1
Овие луѓе најчесто имаат активен живот и ретко имаат проблем со дебелината. Поради честото движење, најчесто имаат витка и затегната фигура.
Број 2
Луѓето со овој тип се склони кон дебелеење и често поробуваат диети. Но, доколку спаѓате овде, никако немојте да се изгладнувате. Наместо тоа, дајте ѝ предност на растителна храна и физичката активност.
Број 3
Овие луѓе настојуваат да се грижат за непотребни работи. А, колку полошо се чувствуваат, толку повеќе проблеми имаат со вишокот килограми. Па ако го добивте бројот 3, обидете се да се ослободите од стресот и негативните емоции и не само што ќе се чувствувате, туку и ќе изгледате подобро.
Број 4
За овие луѓе е препорачливо да прават работи што им причинуваат задоволство. Кога не се задоволни, им се засилува чувството на глад, па неретко се прејадуваат.
Број 5
Фигурата на овие луѓе речиси секогаш зависи од нивната животна положба. Доколку се оптимисти, ќе бидат во одлична форма. Па, живејте го животот со полни гради и нема да имате проблем со вишокот килограми.
Број 6
Најчесто овие луѓе имаат пропорционална фигура. Доколку спаѓате овде, за да ги задржите облините, одвреме-навреме внимавајте на исхраната.
Број 7
На овие луѓе им е важно да ги одржуваат добрите односи со партнерот. Па доколку се појави проблем во врската или бракот настојуваат да се здебелат.
Број 8
За овие луѓе најважно е да научат да простуваат. Токму лутината и гневот се причина за вишокот килограми кај нив.
Број 9
Овие луѓе се склони кон дебелеење, а слабеењето им оди потешко. Доколку спаѓате овде, не дозволувајте во вашето тело да се наталожат масти. Хранете се здраво и вежбајте барем 3 пати неделно.
Спирова С. | Црнобело