Има 10.000 следбеници на 9 години – како изгледа најмладата инфлуенсерка? (фото)
Нуала е 9-годишно девојче кое се смета за инфлуенсерка, соработува со брендови, а на Инстаграм 10.000 следбеници се воодушевуваат на нејзините стилски аутфити.
9-годишното девојче од Ливерпул го отворило Инстаграм профилот пред помалку од една година, а сега модните брендови веќе и нудат соработка и собира голем број следбеници.
Малата Нуала се има впуштено и во манекенски води и прошета на писта на Модната недела во Лондон, а за следната година има план да дефилира на модните ревии во Њујорк.
Иако објавува фотки и во секојдневни, спортски парчиња, сепак за повеќето аутфити, не би помислиле дека ги носи 9-годишно девојче.
Нејзината мајка, Даниел изјавила: „Сè почна минатата година како хоби – отсекогаш сакала да се слика и од тоа прерасна во пасија. Интересно е што кога не е пред камера, таа е многу срамежлива, но ако ставите фотоапарат пред неа, таа оживува, многу е фотогенична.“
Девојчето во иднина посакува и актерска кариера, а сега посетува работилници каде го усовршува талентот и посебно е горда што научила американски акцент.
Како изгледа 9-годишната Нуала – една од најмладите инфлуенсерки:
М. М. | Црнобело