Зошто вторник е многу полош ден од понеделник?

Постои општо верување дека понеделник е најлош ден. Доволно е некој да го спомне во текот на викендот и тоа автоматски ќе ни го влоши расположението. Зошто е тоа така?

Eve zosto e vtornik mnogu polos den od ponedelnik 01

Па, понеделник е ден кога треба да одиме на работа или училиште. Ова значи дека треба да стануваме рано, да се туркаме во градскиот превоз со други (не)среќни луѓе или да патуваме со часови на работа поради метеж во сообраќајот, а кога ќе дојдеме на работа мора да се соочиме колегите и шефот. Звучи страшно, нели?

Сепак, постојат добри причини зошто вторникот е многу полош ден од понеделник.

Понеделник, исто така, означува нов почеток кога сè уште веруваме дека ќе имаме многу време да ги завршиме сите обврски до петок. Во вторникот, сепак, нашиот ентузијазам се смирува и започнуваме да ги броиме деновите до викендот.

Постои уште една причина зошто понеделникот не е толку лош како што мислиме. Имено, дури и да не ви се работи во понеделник, речиси сигурно ќе се забавувате на работа, разговарајќи со колегите за вашиот викенд.

Во вторник нема да ја имате таа можност, а целата атмосфера на работа ќе биде исклучиво работна. Доколку не сте доволно мотивирани за работа, ова многу тешко ќе го поднесете.

Со вторникот управува планетата Марс, па според традиционалните верувања на многу нации вторник е ден на расправии, нетолеранција, уништување, непријателство и конфликт.

Eve zosto e vtornik mnogu polos den od ponedelnik 02

Имено, постои и едно старо верување кое вели дека вторникот е најлошиот ден во денот за парични трансакции. Според ова верување, парите никогаш нема да ви бидат вратени, а голема е веројатноста дека ќе имате бурна расправија со личноста  што ви должи пари.

Волшебниците ги започнувале сите важни работи во вторник, а се верувало дека децата родена во вторник ќе бидат склони кон кражба.

Дали ве убедивме дека вторник е најлош ден во неделата или сепак сметате дека понеделник е многу полош?

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg