10 ситуации во кои вашата најдобра пријателка треба да ви биде поважна од партнерот

Кога има некој проблем

Секој од нас има проблеми, но кога пријателката ќе ви каже дека се соочува со нешто сериозно, немојте да ја игнорирате.

Без разлика дали станува збор за проблем со здравјето, работата или љубовта, ова се моменти кога вашата поддршка ѝ е најпотребна на вашата пријателка.

10-situacii-vo-koi-vashata-najdobra-prijatelka-treba-da-vi-bide-povazhna-od-partnerot-04.jpg

Кога се двоуми дали го пронашла вистинскиот

Ако вашата пријателка се двоуми за што било во нејзината врска, вие сте личноста што може да ѝ помогне.

Ако не е сигурна дали ја пронашла нејзината сродна душа, потребна ѝ е личност што добро ја познава и што ќе биде искрена со неа.

Кога треба да донесе важна одлука

Секој од нас неколку пати во животот ќе се најде на раскрсница. Ова се моменти кога треба да донесете важна одлука, која може да има големо влијание врз вашата иднина.

Кога вашата пријателка ќе се најде во ваква ситуација, сигурно ќе сака да слушне и второ мислење. Без разлика дали планира да ја промени кариерата, да започне семејство или да се пресели во друг град, кога ѝ треба помош да одлучи, добро би било да ѝ помогнете.

10-situacii-vo-koi-vashata-najdobra-prijatelka-treba-da-vi-bide-povazhna-od-partnerot-05.jpg

Кога ќе изгуби некој близок

Ова е веќе очигледно. Кога вашата најдобра пријателка ќе изгуби некоја сакана личност, морате да ја ставите на прво место.

Дозволете и да тагува и да ви зборува за таа личност и бидете овде за неа во нејзините најранливи моменти.

Кога се чувствува осамено

Ако вашата пријателка ви каже дека се чувствува осамено, тогаш дефинитивно ѝ треба вашето друштво.

Во овој случај или отидете кај неа, или предложете ѝ да правите нешто што ѝ причинува задоволство.

Како и да е, никако немојте да ја оставате сама.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg