Платата на стјуардесите, распоредот на неврохирурзите - Тајните страни на професиите

Можеби мислите дека знаете сè за некоја професија, но не можете да го тврдите тоа ако не сте ја работеле. Знаевте ли дека кога ќе се јавите во техничка поддршка и кога ќе ве замолат да почекате, најчесто причината е што од таму не го знаат одговорот на вашето прашање?

ilustracii-shto-gi-prikazhuvaat-tajnite-na-nekolku-rabotni-mesta-01.jpg

Секоја професија си крие по некоја тајна, а во продолжение можете да дознаете неколку:

Стјуардесите и нивните плати

Она што повеќето од нас не го знаат е дека стјуардесите се платени од моментот кога ќе се затвори вратата на авионската кабина.

Ова значи дека ако летот трае еден час, тие се платени само за еден час. Во платата не им е вклучено времето потребно за сместување на патниците или периодот откако авионот ќе слета, без разлика што тие се на аеродромот дури и 2 часа пред полетувањето.

Ова може да биде вистински проблем кога има доцнење. А, во овој период, стјуардесите не добиваат ништо, освен поплаки од фрустрирани патници.

ilustracii-shto-gi-prikazhuvaat-tajnite-na-nekolku-rabotni-mesta-02.jpg

Келнерите и луѓе кои не сакаат да платат

Сигурно имате слушнато барем една приказна за личност која избегнувала да плати во ресторан. Во овој случај сигурно се прашувате што со келнерите.

Понекогаш рестораните ги тераат келнерите да платат за гостите кои „избегале“.

ilustracii-shto-gi-prikazhuvaat-tajnite-na-nekolku-rabotni-mesta-03.jpg

Неврохирурзите и нивниот распоред

Знаевте ли дека понекогаш, неврохирурзите имаат само 3 часа слободни за спиење? Ова е голем проблем, бидејќи тие можат да работат и до 120 часа неделно додека учат.

А некои операции, пак, можат да траат и над 12 часа. Истовремено, хирурзите можат да бидат викнати на работа и сред ноќ.

ilustracii-shto-gi-prikazhuvaat-tajnite-na-nekolku-rabotni-mesta-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
12 луѓе со уникатни генетски карактеристики - џиновско влакно од трепки, двобојна брада „Мојата ќерка има прамени на косата во две различни бои“ и уште 11 фотографии со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg