9 карактеристики што ги имаат луѓето кои треба да ги избегнувате по секоја цена
Германските и данските научници го претставиле концептот „заеднички фактори за развој на темна личност“. Ова истражување ни овозможува да видиме колку се навистина злобни луѓето.
Научниците откриваат кои 9 особини формираат темна личност, која се карактеризира како зла личност.
Дали препознавате некој со овие карактеристики?
1. Егоизам
Преголем ентузијазам за работи или активности што носат задоволство или предност, а притоа им наштетуваат на другите луѓе или на целото општество.
2. Макијавелизам
Тенденција кон манипулација со други луѓе, немилосрдност и ум кој постојано измислува стратегии и пресметки.
3. Отсуство на морал
Предиспозиција кон неетичко размислување, изразено преку верувања и постапки; отфрлање на класичниот „морал и неговите ограничувања“.
4. Нарцизам
Главниот мотив му е да го нахрани своето его, по секоја цена.
5. Психолошка ексклузивност
Опсесивна состојба според која човекот верува дека заслужува подобро и повеќе од кој било друг.
6. Психопатија
Недостаток на сочувство и емпатија, како и суровост, комбинирана со импулсивност или недостаток на самоконтрола.
7. Садизам
Садист е личност која обожава да ги понижува другите, но исто така покажува склоност кон сурово однесување со луѓето. Се манифестира со физичко, психолошко и сексуално насилство.
8. Опсесија со самиот себе
Опсесија која со пари и статус, почести, дипломи и позиции станува сè полоша.
9. Одмаздољубивост
Желба да се повредат другите луѓе поради вистински или имагинарни навреди. Тие смислуваат најразлични одмазди, од социјални и финансиски, па се до емоционални и физички.
Ашера | Црнобело