Секојдневни работи чија намена ќе ја откриете дури сега
Понекогаш употребуваме некој предмет со години пред да откриеме уште некоја негова намена. На пример, маргините на книгите биле додадени со цел да се заштитат ракописите од пожар или други незгоди бидејќи во минатото печатењето било навистина скап процес.
Погледнете ги 8-те предмети што сигурно ги употребувате секојдневно, но за кои не сте знаеле дека имаат и друга примена:
Квадратот со дупчиња на ранците
На почетокот, овие квадратчиња ги имало само на ранците за туристи и се користеле за закачување на јажиња. На ова место од ранецот можете да закачете чадор, шише вода, па дури и вашите патики.
Малото дупче до камерата на iPhone
Малото дупче на овие смартфони што се наоѓа помеѓу блицот и камерата е всушност уште еден микрофон. Овој микрофон ја блокира надворешната врева и го прави звукот од разговорот појасен.
Чепкалки за заби
Доколку сте виделе чепкалка како на фотографијата, сигурно сте си помислиле дека горниот дел е само дизајн. Но, ова се јапонски чепкалки чиј горен дел може да се скрши и да се употреби како држач.
Дупките во вашите патики
Првите обувки од овој вид биле наменети за кошаркари. На обувките бил додадени дупчиња од страната за спортистите да можат посилно да ги стегнат врвките. И денес некои обувки го имаат овој дизајн, но сега дупчињата се еден вид вентилација.