Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мексико Сити не може да овозможи неопходни услови за живот – Кои се најнаселени градови во светот?

Осака, Јапонија

Население: 19.222.665

Бројот на жители во Осака всушност се намалува – од 2018-та година е намален за 0.3%.

Пекинг, Кина

Население: 20.035.455

Во најголемиот град во Кина има речиси исто жители колку во цела Австралија. Населението не само што се зголемува со исто темпо 1975-та година, туку се очекува овој тренд да продолжи до 2035-та.

koi-se-najnaselenite-gradovi-shirum-svetot-07.jpg

Мумбај, Индија

Население: 20.185.064

Возовите во градот секој ден разнесуваат 6 милиони луѓе, а од 1991-ва година бројот на жители речиси се дуплирал.

Дака, Бангладеш

Население: 20.283.552

Минатата година Дака беше прогасен за најгусто населен град во светот. Секој ден 2.000 луѓе се преселуваат во главниот град на Бангладеш.

koi-se-najnaselenite-gradovi-shirum-svetot-08.jpg

Каиро, Египет

Население: 20.484.965

Поради добрата локација, Каиро е населен уште од 4-тиот век. После чумата во Средниот век и бунтовите во 1950-тите, бројот на жители расте со голема брзина.

Мексико Сити, Мексико

Население: 21.671.908

Дури 20% од жителите на Мексико живеат во Мексико Сити. Градот има сè повеќе проблеми со овозможување на неопходните услови за живот.

koi-se-najnaselenite-gradovi-shirum-svetot-09.jpg

Сао Паоло, Бразил

Население: 21.846.507

Знаевте ли дека според Forbes, Сао Паоло е дом на 26 милијардери? Бројот на жители во Сао Паоло продолжува да расте, но не со многу голема брзина.

Шангај, Кина

Население: 26.317.104

Шангај е градот што најбрзо се разви во изминативе 20 години. Бројот на жители постојано се зголемува, а до 2050-та година се очекува да има 50 милиони.

koi-se-najnaselenite-gradovi-shirum-svetot-10.jpg

Делхи, Индија

Население: 29.399.141

Делхи е вториот најнаселен град, а е првиот најзагаден во светот. Бројот на жители се зголемува побрзо од каде било на планетата.

Токио, Јапонија

Население: 37.453.191

Оваа година, најнаселениот град на Земјата имаше намалување на бројот на жители за 0,09%. Доколку ова продолжи, до 2035-та во Токио ќе има 1,5 милиони луѓе помалку.

koi-se-najnaselenite-gradovi-shirum-svetot-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg