Мексико Сити не може да овозможи неопходни услови за живот – Кои се најнаселени градови во светот?
Осака, Јапонија
Население: 19.222.665
Бројот на жители во Осака всушност се намалува – од 2018-та година е намален за 0.3%.
Пекинг, Кина
Население: 20.035.455
Во најголемиот град во Кина има речиси исто жители колку во цела Австралија. Населението не само што се зголемува со исто темпо 1975-та година, туку се очекува овој тренд да продолжи до 2035-та.
Мумбај, Индија
Население: 20.185.064
Возовите во градот секој ден разнесуваат 6 милиони луѓе, а од 1991-ва година бројот на жители речиси се дуплирал.
Дака, Бангладеш
Население: 20.283.552
Минатата година Дака беше прогасен за најгусто населен град во светот. Секој ден 2.000 луѓе се преселуваат во главниот град на Бангладеш.
Каиро, Египет
Население: 20.484.965
Поради добрата локација, Каиро е населен уште од 4-тиот век. После чумата во Средниот век и бунтовите во 1950-тите, бројот на жители расте со голема брзина.
Мексико Сити, Мексико
Население: 21.671.908
Дури 20% од жителите на Мексико живеат во Мексико Сити. Градот има сè повеќе проблеми со овозможување на неопходните услови за живот.
Сао Паоло, Бразил
Население: 21.846.507
Знаевте ли дека според Forbes, Сао Паоло е дом на 26 милијардери? Бројот на жители во Сао Паоло продолжува да расте, но не со многу голема брзина.
Шангај, Кина
Население: 26.317.104
Шангај е градот што најбрзо се разви во изминативе 20 години. Бројот на жители постојано се зголемува, а до 2050-та година се очекува да има 50 милиони.
Делхи, Индија
Население: 29.399.141
Делхи е вториот најнаселен град, а е првиот најзагаден во светот. Бројот на жители се зголемува побрзо од каде било на планетата.
Токио, Јапонија
Население: 37.453.191
Оваа година, најнаселениот град на Земјата имаше намалување на бројот на жители за 0,09%. Доколку ова продолжи, до 2035-та во Токио ќе има 1,5 милиони луѓе помалку.
Спирова С. | Црнобело