9 луѓе со супермоќи кои ниту науката не може да ги објасни
Запознајте ги мажот што не чувствува болка, мажот што јаде метал, жената мегафон, жената рендген...
Сите сонуваат за уникатни моќи, но некои луѓе навистина ги имаат.
Суперхерои од реалниот живот:
Тим Кридланд - мажот што не чувствува болка
Може да си ја прободе кожата со игли и да издржи многу високи и ниски температури и да не почувствува болка. Постојано мора да внимава случајно да не си предизвика сериозни повреди, а да не почувствува.
Џино Мартино - мажот со челична глава
Со главата крши железни цевки, метални блокови и може да издржи пад на топка за куглање од 5 метри врз неговата глава.
Мајкл Лотито - мажот што јаде сè
Неговото мени вклучува велосипеди, телевизори, чаши, па дури и делови од авион. Мајкл изел околу 15 тони метал во неговиот живот и изненадувачки тоа не му наштетило, тврдат некои извори.
Анализа Флананган - жената мегафон
Таа го има најгласниот глас на светот. Може да вреска до 121 децибели, што се споредува со звук на музички концерт или авионски мотор. Изненадувачки, работи како учителка.
Наталиа Дјомкина - жената рендген
Таа може да гледа низ луѓето и да одреди каква болест има одредена личност. Оваа неверојатна способност кај неа ја истражуваа научници од целиот свет и во тест со 7 личности, дури кај 4 открила од што боледуваат.