Данкан Макдугал - човекот кој се обиде да ја измери душата

Може ли научно да се докаже она што не е материјално, она што произлегува од духовниот спектар на човечкиот живот? Можеби.

Dankan Makdugalcovekot koj se obide da ja izmeri dusata 01

Доктор Данкан Макдугал од 1901 до 1907 година спроведе неколку експерименти во обид да го докаже постоењето на човечката душа, а се обиде и да ја измери нејзината маса. Тој измислил експерименти во кои шест смртно болни луѓе лежеле на нивните кревети на големи индустриски скали, чувствителни на промените во тежината. Според неговите пресметки тој заклучил дека човечката душа е тешка точно 21 грам.

Во овие истражувања тој не бил сам, туку заедно со уште четири други лекари. Сите петорица извршиле сопствени мерења и ги споредувале резултатите. Не сите умрени луѓе изгубиле иста тежина, и не се земале сите резултати предвид.

Само четири резултати биле земени предвид поради механички неуспех. Една работа која ја заклучиле е дека дефинитивно во сите смртни случаи е забележен ненадеен пад на тежината (од 14 до 28 грама).

По консултација со лекарите кои присуствувале на мерењата, откриено е дека просечниот број е 21 грам, по што д-р Макдугал заклучи дека човечката душа тежи 21 грам.

Dankan Makdugalcovekot koj se obide da ja izmeri dusata 02

Во 1911 година Мекдугал изјавил дека може да ја фотографира душата со помош на X-зраци.

Треба да се забележи дека Мекдугал ги правел истите експерименти и кај кучињата, но не забележал губење на тежината.

Тешко е да се разбере зошто ниту еден од современите научници не се обиде да ги реплицира експериментите на Мекдугал за да ги разјасни научно. Особено денес е лесно да се направи ваков експеримент, кога постојат секакви можни прецизни технолошки помагала и машини.

Очигледно е дека овој 21 грам нè интригира, без оглед на недостатокот на научните докази. Како тема се појавува во песни, романи, серии и филмови, се споменува и во многу статии, па дури и во секојдневниот разговор.

Dankan Makdugalcovekot koj se obide da ja izmeri dusata 03

Денес е работата на Мекдугал популарна и атрактивна како што била и порано, не поради она што тој го пронајде или не, туку поради она што го предложил.

Очигледно е дека ова непотврдено сознание на романтичен начин нè поврзува со духовноста во нас, со надеж дека душата навистина постои и дека нашите животи навистина имаат подлабоко значење од самото преживување.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg