Денес бидете љубезни - 10 начини да си го подобрите расположението со помагање на другите

Непланираните, случајни љубезни дела не само што ќе ви го разубават денот, туку и ќе ве направат вистински среќни.

Denes bidete ljubezni 10 nacini da si go podobrite raspolozenieto so pomaganje na drugite 01

Никогаш не може да знаеме каков ден имаат луѓето околу нас, ниту пак сме свесни колку еден обичен комплимент може комплетно да ги промени нивните чувства.

Денес бидете непланирано љубезни и ширете позитивна енергија бидејќи на светот му требаат повеќе добри луѓе.

Купете кафе или појадок за бездомникот кој ве пресретнува секојдневно

Ова е лесен и евтин начин да усреќите некого кому навистина му е потребно. За вас можеби не значи многу, но за некој може да значи се.

Испратете убава порака на некој кој ви значи

Неретко забораваме да им кажеме на блиските колку ги сакаме и цениме. Денес вашите чувства преточете ги во едноставна порака, можеби за вашата мајка или татко, бидејќи тоа на нив најмногу им значи.

Донесете мала закуска на работа

Кој нема да се израдува на тазе крофни или колачиња? Сите сакаме таквите изненадувања да се случуваат почесто, бидејќи е многу лесен начин да измамите насмевка на лицата на колегите.

Донирајте

Со помош на социјалните мрежи многу лесно ќе дојдете до информација кому му се потребни средства за лекување, покуќнина и било каква помош.

Не е возможно да се помогне на сите, но сигурно ќе најдете случај каде вашиот допринос би олеснил некому.

Паркирајте подалеку од вообичаено

Сите бараме место пред самиот влез, без да размислиме дека има луѓе на кои тоа паркинг место би им значело многу повеќе. Ако денес е добар ден за вас паркирајте подалеку, никогаш не се знае кому ќе помогнете.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg