Лавови, делфини, мечки или волци - постојат четири видови на спијачи, во кој спаѓате вие?
Клиничкиот психолог, д-р Мајкл Бреус, кој се занимава со истражување на различните видови на спиење (исто така познат и како "доктор за спиење ") ги подели луѓето во четири категории на спијачи, според тоа како спијат и кога стануваат.
Делфин
Овој тип на луѓе има многу лесен сон. Стануваат рано без никакви проблеми, дури и кога заспиваат доцна, а често можат да станат жртви на несоница. Тие обично ја имаат својата рутина од која не можат да отстапат, бидејќи нема да можат да заспијат. Доволни им се шест до осум часови сон.
Најчесто се интелигентни луѓе кои се перфекционистички настроени, кои премногу мислат и анализираат. Делфините се навикнати на недостаток на сон, па имаат прилично неправилен распоред на спиење. Заспиваат во доцните часови, а наутро стануваат пред сите. Најпродуктивни се во текот на ноќта, кога не спијат.
Делфините се најретките видови на спијачи, а во нив, според истражувањата спаѓаат само 10 до 15% од популацијата.
Мечка
На овој тип на луѓе им е потребно најмалку осум часа спиење. Карактерно ги поврзуваат со луѓето кои сакаат да работат напорно, но кои исто така знаат и да уживаат. Тие се многу социјални и лесно се поврзуваат со другите луѓе.
За да бидат продуктивни треба да спијат 8 часа секоја ноќ. Најмногу се активни помеѓу 10 часот наутро и попладне, а најрасположени се помеѓу 15 и 18 часот.
Според д-р Бреус, мечките се најчестиот вид на спијачи. Повеќе од 50% од популацијата спаѓаат во оваа група.
Волк
Овој хронотип на спијач обично тешко се буди наутро, а најмногу енергија има во вечерните часови. Иако се малку чудни и импулсивни, волците можат да се опишат како креативни и иновативни луѓе.
Бидејќи доцна одат во кревет, обожаваат да спијат наутро. Поради ова тешко се фокусираат, а најпродуктивни се по 19 часот.
Веднаш зад мечката, тие се вторите најраспространети спијачи, околу 15-20% од популацијата и припаѓа на оваа група.
Лав
Овој тип на луѓе обично се буди многу рано. Полни се со енергија, поради што навечер се исцрпени. Потребни им се минимум 8 часа сон.
Оптиимистични се и организирани, а своите должности ги завршуваат според распоредот и навреме. Најпродуктивни се од раното утро до попладне.
Во оваа група спаѓа 15% од популацијата.
Ашера | Црнобело