Kои се добрите, а кои лошите страни на здодевноста?

Кога деновите ни се се претвораат во континуирана серија стануваме жртва на здодевноста, но здодевноста понекогаш има и добри страни. Може да биде добра за линијата, да ја намали вознемиреноста, да ја подобри меморијата...

koi-se-dobrite-a-koi-losite-strani-na-zdodevnosta-001.jpg

Психолозите имаат утврдено дека "зјапање во празо" всушност ја поттикнува креативноста, бидејќи мислите во таквите ситуации се слободни, па е поголема веројатност да дојдеме до генијална идеја.

Критериумите на здодевноста варираат од личност до личност, но забележано е дека мажите почесто се досадуваат од жените, како и луѓето кои често бараат возбуда во животот.

Ова се добрите и лошите страни на здодевноста:

Добра е за линијата

Ако јадеме иста храна неколку пати неделно, вкусот ни е толку познат што немаме желба да го зголемиме количеството. Нутриционистите се согласуваат дека хомогената исхрана доведува до помал внес на калории.

Може да биде тригер за депресија

Здодевноста може да биде тригер за луѓето склони кон депресија.

Koi se dobrite a koi losite strani na zdodevnosta 2

Опасност за срцето

Луѓето кои се жалат дека им е често здодевно имаат поголем ризик од мозочен или срцев удар, за разлика од луѓето кои се задоволни од нивниот живот.

Научниците претпоставуваат дека причината за ова е фактот што луѓето кои се досадуваат почесто пушат цигари, јадат нездрава храна или пијат алкохол; што со текот на времето доведува до зголемување на телесната тежина.

Ја намалува анксиозноста

Мала здодевност понекогаш не е толку лоша, особено ако сте често под стрес. На сите ни е потребно малку време да се ослободиме од информациите со кои нè бомбардираат од сите страни.

Кога ни е здодевно имаме време да размислуваме за себе, за нашите цели и желби, со што ја намалуваме анксиозноста.

Koi se dobrite a koi losite strani na zdodevnosta 1

Ја подобрува меморијата

Психолозите на Универзитетот во Плимут спроведоа мал експеримент за време на кој испитаниците слушале ужасно здодевен запис од две и пол минути. Се испостави дека пораката можат попрецизно да ја повторат оние кои јасно кажале дека им е здодевно, за разлика од оние кои се обидувале да го следат записот.

Ашера | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg