5 карактеристики на жената која е незаборавна

Постојат многу претпоставки за тоа што сакаат мажите и што им делува привлечно кај една жена.

5-karakteristiki-na-zenata-koja-ne-se-zaborava-001.jpg

Но, сепак, по некое непишано правило, има жени кои не се вклопуваат во сите стандарди за физичка убавина, а сепак делуваат неодоливо и незаборавно.

Која е нивната тајна?

Какви карактеристики имаат жените кои не се забораваат?

1. Имаат желба за среќен живот

Онаа искра, она жарче желба за среќен и позитивен живот може да направи чудо. Тие сакаат да искусуваат новитети во животот и секојдневно се тераат себеси да излезат од зоната на комфорот.

2. Знаат длабоко да се поврзат

Тие не негуваат површни контакти и пријателства, туку се блиски само со луѓе со кои емотивно и духовно може да се поврзат и притоа да уживаат во тоа.

3. Љубезни се

Љубезноста никогаш не се заборава, а секогаш лесно се препознава. Тоа ги издвојува привлечните жени од сите останати.

4. Имаат пасија

Тешко се заборава личноста која со пасија зборува за работите кои ги сака, без оглед на тоа дали се работи за талент, кариера, човек, хоби, животно или нешто сосема друго.

5. Го кажуваат сопственото мислење

Притоа, се многу одмерени, а не дрски. Имаат посебен начин како да кажат дека нешто не им се допаѓа или нема да го направат, без притоа да си ја нарушат репутацијата или да повредат туѓи чувства.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg