13 навики кои ги имаат само љубезните луѓе
Дали околината ве доживува како љубезна или ладна и некомуникативна личност? Постојат 13 точки низ кои може да откриете.
Според многубројни истражувања и следење на манирите на луѓето, дојдено е до заклучок дека само љубезните лица ги прават следните работи:
1. Го спуштаат телефонот на масата или во чантата кога разговараат со друго лице.
2. Секогаш известуваат кога ќе задоцнат на закажаниот состанок.
3. Често кажуваат благодарам и навистина го мислат.
4. Ако имаат проблем со некој, комуницираат во четири очи.
5. Знаат да дадат соодветен комплимент кој ќе биде дискретен, но позитивен.
6. Никогаш не го прекинуваат другиот додека зборува.
7. Го прашуваат соговорникот што се случува на неговото работно место, како е семејството, неговите пријатели и се интересираат за сите важни аспекти од животот.
8. Не користат пцовки во разговорите.
9. Јадат уредно и внимателно.
10. Знаат како брзо да се извинат откако ќе згрешат нешто.
11. Ги третираат сите со почит, без оглед на социјалниот статус и занимањето.
12. Имаат позитивен став кон животот и проблемите со кои се соочуваат.
13. Не озборуваат и не ги осудуваат туѓите постапки.
М. Д. | Црнобело