Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сакате да си поспиете? Потврдено е - на жените им треба повеќе сон отколку на мажите

Доколку имате посебна врска со вашиот удобен кревет и омилената перница, нема потреба да чувствувате грижа на совеста.

Na-zenitei-im-treba-povekje-son-tokolku-na-mazite-01.png

Професорот Џим Хорн, невролог чија специјалност е сонот кај луѓето, тврди дека жените може да имаат зголемено ниво на психолошки стрес поради недостаток на сон. Но, ова не е случајот и кај мажите.

Генерално, ваквите чувства на стрес и незадоволство не се поврзуваат кај мажите со недостатокот на сон.

Професорот тврди дека жените работат и размислуваат на многу работи истовремено, имаат повеќе тенденција за „мулти таскинг“, нивниот мозок е повеќе оптоварен во текот на денот, и како резултат на сето ова – потребно им е повеќе спиење.

Колку повеќе го употребувате мозокот во текот на денот, толку повеќе време му е потребно истиот да одмори. Следствено–толку повеќе ви е потребно да спиете.

Жените се пофлексибилни, жонглираат со повеќе работи истовремено, планираат неколку чекори однапред и го преморуваат мозокот повеќе отколку мажите. Поради ова, потребен им е подолг сон.

Генерално, на жените им е потребен продолжен сон од 20 минути во просек, но минутажата варира од жена до жена (нејзината возраст, бројот на обврските, ангажираноста во текот на денот, итн.).

Сепак, не е сè толку црно за мажите. Како што истакнува професорот, мажите чија работа се состои од латерално размислување и носење клучни одлуки исто така имаат зголемена потреба од добар сон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg