Не земајте сè при срце, не зборуваат толку за вас како што вие мислите - 10 интересни психолошки размислувања
Дали сте од оние луѓе чиј ден е целосно уништен доколку некој ве погледне попреку или ви пререче макар еден лош збор?
Дали сте тип на човек кој премногу ги анализира работите додека не добие главоболка и секогаш го нарачувате истиот пијалак и истото јадење во ресторан?
Можеби треба да смените неколку работи во животот. Многу веројатно е дека среќата конечно ќе ви се насмевне поради променетата перцепција на размислување:
1. Кога ве игнорира личност чиешто внимание најмногу ви значи, реакцијата во вашиот мозок е слична на физичка болка.
2. Кога се фокусирате на проблемите, ќе имате повеќе проблеми. Кога се фокусирате на можностите ќе имате повеќе шанси.
3. Секогаш постои причина зошто запознавате нови луѓе во животот. Или ви се потребни да го сменат вашиот живот, или вие ќе го смените нивниот.
4. Кога некој многу ви недостига, многу веројатно е дека вашите емоции ќе се сменат од тага во среќа и обратно во рок од неколку секунди.
5. Не си земајте сè при срце. Не размислуваат сите толку многу за вас како што вие мислите.
6. Колку помалку зборувате, толку повеќе зборовите ќе имаат значење.
7. Без разлика на тешкиот период кој го преживувате, еден ден ќе се потсетите на него и ќе сфатите дека сета болка го сменила вашиот живот на подобро и ве направила посилни.
8. Никогаш не плашете се да испробате нешто ново, бидејќи животот станува прилично здодевен кога останувате во границите на познатото.
9. Не откажувајте се од нешто што вистински го сакате бидејќи е тешко да се чека, уште потешко е да се живее со каење.
10. Како што стареете, така им верувате на помалку луѓе.
(О)Милена | Црнобело