10 знаци дека душата ви е изморена, а не телото

10-znaci-deka-vi-e-izmorena-dushata-a-ne-teloto-02.jpg

6. Искусувате благи панични напади или хронична анксиозност.

7. Се чувствувате многу осамено дури и кога сте помеѓу луѓе. Почнувате да се сомневате во луѓето околу вас и во кој може да верувате бидејќи постојано сте заштитнички настроени.

8. Чувствувате горчина, љубомора, лутина и незадоволство за сè што се случува околу вас, иако вообичаено сте биле почувствителни, грижливи и подготвени да простите.

9. Вашето тело се чувствува слабо и секое движење ве истоштува. Имате недостаток на енергија и го чувствувате тоа, а активностите кои претходно ве радувале, сега веќе не ве прават среќни, бидејќи ви се претешки.

10. Често се чувствувате исплашено и несигурно за иднината. Некогаш се чувствувате толку исцрпено што само сакате да си ги соберете куферите и да започнете нов живот, бидејќи не гледате задоволство во она во што некогаш сте уживале.


Како да си помогнете?

Доколку се пронаоѓате во повеќето од овие знаци, време е да почнете да се грижите за себе и да се ставите на прво место – вие и вашата душа.

Одмарајте колку што ви е потребно. Исклучете го телефонот и поминете време во нешто што ве исполнува во моментот, независно што е.

Направете си топла купка, медитирајте, пуштете ја омилената музика, одете во природа, најдете го сопствениот мир и наполнете се со енергија и чувство на задоволство, чекор по чекор.

Избегнувајте негативни мисли и не зборувајте лошо за себе. Престанете да се критикувате бидејќи тоа уште повеќе прави да тонете.

Обидете се најдобро што можете да посветите внимание на она што ѝ е потребно на душата, елиминирајте ги сите работи и луѓе од животот кои ве прават несреќни и ве исцрпуваат и фокусирајте се само на позитивни мисли и искуства.

10-znaci-deka-vi-e-izmorena-dushata-a-ne-teloto-03.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg