Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 знаци дека душата ви е изморена, а не телото

Кога поминувате низ тешка фаза од животот, се чувствувате уморни од сè и немате желба за ништо.

10-znaci-deka-vi-e-izmorena-dushata-a-ne-teloto-01.jpg

Во стресни периоди, душата паѓа во длабок сон, што добивате чувство како да сте во депресија, бидејќи симптомите може да бидат многу слични.

И, колку и да сакате да промените нешто и да си го подигнете расположението, едноставно се чувствувате премногу уморно и немате сила за ништо.

Во тие моменти, кога мислите дека телото ви е изморено и истоштено, всушност не ви е само телото изморено, туку и на душата ѝ е потребно време да се излечи.

Иако душата е нешто невидливо и недопирливо, сепак не треба да ги игнорирате знаците кои укажуваат на многу ниско ниво на енергија, што може да доведе до хронична анксиозност, депресија и проблеми со менталното здравје.

10 знаци кои укажуваат на тоа дека „душата ви е изморена“ и време е да си дадете одмор и да го подигнете нивото на енергија:

1. Во текот на денот, сè што сакате да правите е да лежите и одмарате. Често практикувате дремки и многу често ви е тешко да станете од кревет. Навечер, се чувствувате неодморено, бидејќи кога спиете сонувате кошмари кои се многу реални.

2. Чувствувате болка низ целото тело. Може да чувствувате тензија, вртоглавици, болка во стомакот и видот да ви е заматен.

3. Кога некој ќе ве праша што не е во ред со вас, не знаете што да одговорите, бидејќи не знаете како се чувствувате. Знаете дека нешто комплексно се случува длабоко во вас, но не можете да го опишете чувството.

4. Често се чувствувате распарчено и дисориентирано бидејќи умот и телото не ви се синхронизирани.

5. Сите ваши емоции се со висок интензитет. Претерано сте емоционални и може да се расплачете за најмала ситница или без причина.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
9 знаци дека треба да престанете да се трудите толку многу (и ќе ви биде подобро) Ако има здодевна задача што никој не сака да ја заврши, дали секогаш вие сте тој...
11 знаци дека сте „црната овца“ во семејството Успесите ви се поздравени со потсмев... „Честитки за изложбата, убаво е да имаш ...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg